Најмалку 16 лица се ранети во руски напади врз Харков и Киев, како и на населените места во регионите Суми и Днепропетровск.
Украинската армија тврди дека соборила десетина дронови над главниот град.
Најмалку 16 лица се ранети во руски напади врз Харков и Киев, како и на населените места во регионите Суми и Днепропетровск.
Украинската армија тврди дека соборила десетина дронови над главниот град.
ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради дефект на затворач (шибер) Ф80мм. улица Римска 3.
Во организација на Граѓанскиот ресурсен центар, денеска на платформата „Зум“ ќе се одржи дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“.
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на 11. седница треба да утврди листа на пријавени кандидати по Одлуката за огласување на избор на членови на Државната изборна комисија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 207/24).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивен состанок на неформалната Меѓупартиска парламентарна група против корупција.
Денеска во Скопје во „Европска куќа“ ќе се одржи настанот „Унапредување на регионалната соработка: Патот кон Заеднички регионален пазар и ЕУ интеграција на Западниот Балкан“, во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на завршниот настан од проектот ISEC-ADE, кој ќе се одржи денеска во Граѓанскиот ресурсен центар.
Во Собранието денеска ќе биде промовирана и свечено пуштена во употреба заштитената соба и заштитениот работен простор.
На неколку дена од претседателските избори во САД, група од околу 2.000 мигранти ја напуштија јужната граница на Мексико со надеж дека ќе стигнат до северот на земјата и на крајот до Соединетите држави.