Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка.
Вести
-
Македонија 17.10.2024 08:40
-
Култура 17.10.2024 08:38
Почнува 43. издание на Скопскиот џез фестивал
Денеска почнува 43. издание на Скопскиот џез фестивал. Внимателно селектираната програма го следи императивот за одржување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика.
-
Македонија 17.10.2024 08:35
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство
Во организација на Комисијата за култура и туризам денеска во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство.
-
Македонија 17.10.2024 08:27
Бојан Христовски назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност
Бојан Христовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.
-
Економија 17.10.2024 08:27
Светска банка организира презентација на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан
Светска банка организира презентација на 26-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловено „Задржување на моментот на раст“.
-
Македонија 17.10.2024 08:20
Мисајловски на состанокот на министри за одбрана на НАТО
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес и утре ќе учествува на серија состаноци на министрите за одбрана во рамките на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.
-
Македонија 17.10.2024 08:19
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии
Во Собранието денеска седница ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.
-
Македонија 17.10.2024 08:06
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 17.10.2024 07:59
Променливо облачно со сончеви периоди
Наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.
-
Економија 17.10.2024 07:54
Измени во системот за субвенционирање
Укинување на авансирањето на субвенциите е една од промените што се најавуваат.










