Не стивнуваат реакциите по нападите врз мировниците на ООН во Либан во екот на израелската копнена операција. Италија, Велика Британија, Франција и Германија со заедничка изјава побараа сите страни да ја гарантираат безбедноста на УНИФИЛ во секое време.
Вести
-
Свет 15.10.2024 08:44
-
Свет 15.10.2024 08:30
Албанија го отвара првиот класер на преговори за членство во ЕУ
Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.
-
Македонија 15.10.2024 08:21
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Македонија 15.10.2024 08:13
Денеска почнува грејната сезона
Денеска почнува грејната сезона. Топли радијатори во домовите и деловните објекти треба да имаат сите кои се снабдуваат преку државната ЕСМ и топланите Скопје Север и Те-То. Компаниите со апел до потрошувачите да ги отстранат дефектите.
-
Македонија 15.10.2024 08:07
Пукање во Чаир
Повторно престрелка во скопски Чаир. Во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата.
-
Економија 15.10.2024 08:03
Пријавување за субвенции во живинарството
Почна пријавувањето за субвенциите во живинарството обезбедени од Програмата за директните плаќања за 2024 година. Живинарите можат да аплицираат по три основи.
-
Македонија 15.10.2024 08:00
Наутро студено, преку денот сончево
Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне и до 28 степени.
Во Скопје сончево време со мала облачност и со слаб северен ветер.
-
Македонија 14.10.2024 21:01
Ирина Трајкоска-Стрезоски е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители
Со најмногу, односно шест гласа „за“, Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска одлучи новиот, четиригодишен мандат, да ѝ го довери на обвинителката Ирина Трајкоска-Стрезоски од Вишото јавно обвинителство-Битола.
-
Македонија 14.10.2024 20:19
Приведен криумчар на мигранти во кумановско
Денеска во 13.30 часот во с. Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово го лишиле од слобода А.Љ.(37) од с. Сопот.
-
Македонија 14.10.2024 19:55
Премиерот Мицкоски на Берлински процес
Премиерот Мицкоски со делегацијата бараат начини за деблокирање на евроинтегративниот пат на земјава. Во Берлин се на Самит на лидерите од Западен Балкан. Претседателот на Владата се сретна и со германскиот канцелар Шолц.










