Од утре официјално почнува грејната сезона, дали сите корисници во метрополата ќе имаат топли радијатори? Додека некои училишта и градинки се веќе подготвени, осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1-ви ноември заради заштеда.
Вести
-
Економија 14.10.2024 13:23
-
Македонија 14.10.2024 13:21
Мајката на Вања и роднини на Панче сведоци на денешното рочиште
Во Kривичниот суд во тек е судскиот процес за двојното убиство на Вања Горчевска и на Панче Жежовски. Сведоци, мајката на убиената малолетничка и роднини на велешанецот. Викторија Милевска го следи судењето.
-
Македонија 14.10.2024 13:19
Мицкоски на состанок на Берлинскиот процес
Во Берлин Самит на лидерите од Западен Балкан и челниците на Европската унија. Учествува и македонската делегација предводена од премиерот Мицкоски. На маргините има и најавени средби.
Анита Димитријевска-Велковска е нашиот специјален известувач од Самитот.
-
Култура 14.10.2024 12:49
Скопското кале ќе биде активна туристичка атракција, најави Љутков
На скопјани ќе им се врати Универзалната сала до 2028 година и ќе биде дел од европска престолнина, уверува министерот за култура. Предметот е во рацете на Јавното обвинителство.
-
Македонија 14.10.2024 12:45
Расте бројот на мозочни удари во охридско-струшкиот регион
Мозочниот удар е најчестото невролошко заболувања во охридско-струшкиот регион. Лекарите велат расте бројот на пациенти, но се намалува и старосната граница. Се повеќе млади луѓе се соочуваат со болеста. Причините се современиот начин на живот.
-
Македонија 14.10.2024 12:20
Тројцата македонски мировници во Либан се безбедни
По последните напади и тензиите во Либан, тројцата штабни офицери од македонската Армија, кои се дел од мисијата УНИФИЛ на Обединетите нации се безбедни и се чувствуваат добро.
-
Македонија 14.10.2024 12:13
Таравари го прочитал извештајот за смртта на родилката, за деталите на прес
Јавноста ги чека заклучоците од стручната комисијата кои треба да откријат, дали имало лекарски пропуст при третманот кај починатата родилка во кумановската болница и 14 месечното дете кое почина на детската клиника.
-
Свет 14.10.2024 12:07
Кина со воени вежби во близина на Тајван, за западот потегот е неоправдан
Жителите на Тајван се разбудија опкружени со кинески борбени авиони и бродови. Армијата на Кина повторно почна воена вежба во близина на островот. Пораката, велат е јасна – строго предупредување до сепаратистичките сили. За Тајпеј најновите вежби се ирационална провокација.
-
Македонија 14.10.2024 11:59
Нов обид да се именува директор на Академијата за судии и јавни обвинители
Нов обид на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители за именување на нов директор. Петмина судии и две обвинителки се во игра за директорската фотелја.
-
Свет 14.10.2024 11:55
Зеленски: Северна Кореја испраќа војници да се борат на страната на Русија
Володимир Зеленски изјави дека Западот треба да го промени својот однос кон војната во Украина, рече дека северна Кореја испраќа војници да се борат на страната на Русија.










