Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации во земјава Рита Колумбиа денеска ќе го посети Парламентот.
Како што информира собраниската прес-служба, Колумбија ќе се сретне со претседателот на Собранието Африм Гаши.
Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации во земјава Рита Колумбиа денеска ќе го посети Парламентот.
Како што информира собраниската прес-служба, Колумбија ќе се сретне со претседателот на Собранието Африм Гаши.
Во Собранието денеска седница ќе одржи Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Единствена точка на дневен ред е Годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година.
Под посебни безбедносни мерки и протоколи во Охрид ќе биде дводневната посета на унгарскиот премиер Орбан и неговата делегација која почнува од денеска.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Потпишани првите договори за финансирање од ИПАРД 3 програмата. Парите се за инвестиции во основни средства во земјоделските стопанства за прифатливи трошоци од минимум 20.000 до максимум 750.000 евра.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја и дека секој конвенционален напад против Русија поддржан од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад.
Како ќе игра македонската дипломатија на крупните прашања за да ја придвижи земјата напред? Нашиот специјален дописник од Њујорк, Стојан Трпчевски разговараше со шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека ризикот од ескалација на Блискиот Исток е „акутен“ и дека Вашингтон и неговите сојузници неуморно работат за да избегнат војна од целосен размер меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах поврзана со Иран.
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Македонската армија.