Нов бран експлозии низ Либан, главно насочени кон воки-токи уреди, системи за соларна енергија и уреди за читање отпечатоци што ги користат членовите на Хезболах. Властите јавија за жртви и над 450 повредени.
Вести
-
Свет 19.09.2024 11:33
-
Македонија 19.09.2024 11:05
ЦУК апелира до граѓаните за редовно чистење на локалните одводни канали
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи нема регистрирано пожари на отворено. На бројот за итни случаи имало вкупно 1.419 повици. Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 45,31 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-
Македонија 19.09.2024 10:50
Заменик-министерката Трајков на конференција за родова еднаквост WOMEN ON BOARDS ADRIA
Денес заменик-министерката за европски прашања доц. д-р Викторија Трајков ќе учествува на конференција посветена на родовата еднаквост во организација WOBA, регионална иницијатива од European Women on Boards.
-
Македонија 19.09.2024 10:40
Мицкоски на средби со европските челници
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни и за евроинтеграции Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани престојуваат во работна посета на Брисел.
-
Македонија 19.09.2024 10:15
„Ден на зелена достава“ во рамки на Европската недела на мобилност
Под мотото „Ден на зелена достава“, Делегацијата на Европската Унија, „Јуроп хаус“ и Агенцијата за пошти денеска ќе организираат активности во рамки на Европската недела на мобилност 2024, насочени кон поддршка на одржлива урбана мобилност и заштита на животната средина.
-
Македонија 19.09.2024 09:57
Реакции од албанскиот блок по одлуката на Уставниот суд за балансерот
По одлуката на Уставниот суд за балансерот, реакции од партиите од албанскиот блок. Одлуката е инспирирана од очигледната потреба на криминалните структури на претходната власт за создавање меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи во државата, соопштија од Вреди.
-
Свет 19.09.2024 09:32
Втор бран експлозии на комуникациски уреди во Либан
Израелската војска соопшти дека нападнале различни инфраструктури на Хезболах во јужен Либан, вклучително и објект за складирање оружје. Регистрирани се и нови експлозии на комуникациски уреди особено во предградијата на Бејрут.
-
Култура 19.09.2024 09:02
Концерт на Филхармонија и доделување на наградата на СОКОМ – „Георги Божиков“
Вечерва во Големата Сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20:00 часот, а во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2024“, свој концерт ќе одржи оркестарот на Македонската филхармонија и воедно ќе биде доделена наградата на СОКОМ – „Георги Божиков“.
-
Свет 19.09.2024 08:53
Кина и Русија спроведува заеднички вежби во водите на рускиот залив
Крајбрежната стража од Кина и Русија спроведува заеднички вежби во водите во близина на рускиот залив Петар Велики. Вежбите се фокусираат на сузбивање на поморската безбедносна закана и поморско спасување.
-
Македонија 19.09.2024 08:45
Јавна дебата на собранискиот Клуб за младински прашања и политики
Собранискиот Клуб за младински прашања и политики денеска организира јавна дебата посветена на младинските политики и законот за младинско учество и политики.
Ова е прва седница на Клубот за младински прашања и политики во овој парламентарен состав.










