Времето денеска променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а во западните делови на земјата ќе има услови за појава на магла.
Вести
-
Македонија 11.11.2026 08:25
-
Македонија 11.11.2026 08:12
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 10.11.2026 20:45
Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум, на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.
-
Македонија 10.11.2026 20:07
Нацрт-кривичниот законик и Законот за кривична постапка доставени до ЕК на мислење
Нацрт-кривичниот законик и Законот за кривичната постапка се доставени до Европската комисија на мислење. Продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и усогласувањето со европските стандарди, посочуваат од Министерството за правда.
-
Свет 10.11.2026 19:51
Жртви и десетици повредени во тешка сообраќајна несреќа во Бугарија
Жртви и десетици повредени. Уништени автомобили, превртени камиони и остатоци расфрлани по коловозот по двата верижни судира кај Зимница, на автопатот Тракија во Бугарија. Спасувачите со часови извлекувале луѓе заробени во смачканите возила, меѓу нив и во товарни камиони и цистерни.
-
Свет 10.11.2026 19:27
Русија и Украина на преговарачка маса под медијаторство на САД
Русија и Украина, под медијаторство на САД, седнаа на преговарачка маса за ставање крај на петгодишниот конфликт. Киев нуди предлози за стопирање на нападите и отворање пат за можна средба на највисоко ниво.
-
Економија 10.11.2026 18:26
Од денес електронско и мобилно банкарство во Алта банка, од утре се отвора експозитурата во Скопје
Продолжуваат со работа шалтерите во Битола, Тетово и Струмица, од утре се отвора и експозитурата во Скопје. Од денес за клиентите на Алта банка достапни и електронското и мобилното банкарство.
-
Економија 10.11.2026 18:01
Димитриеска Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите економски околности
Дополнетиот ребаланс не произлезе поради проблеми со ликвидност во Буџетот, туку е навремена реакција на новите економски околности, последица од глобалната неизвесност и преземените мерки од страна на владата за намалување на ДДВ и акцизата кај бензините и дизелот – истакна министерката за финан
-
Македонија 10.11.2026 17:49
„Безбеден град“ ја менува сообраќајната слика – за 29 проценти помалку загинати на патиштата
„Безбеден град“ ја менува сообраќајната слика во земјава. Дисциплината на патиштата станува приоритет, а непочитувањето на правилата сè потешко поминува неказнето. Според податоците на МВР, во периодот јануари – октомври годинава на патиштата загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период лани.
-
Економија 10.11.2026 17:32
Сметководителите бараат поедноставни правила и помал административен товар
Воведување поедноставени правила за финансиско известување и намалување на административниот товар, особено за микро, малите и средните претпријатија, бараат сметководителите.









