Концесионерите се богатат од продажбата на најквалитетниот домашен мермер, а од парите, државата за четири години добила само еден процент. Ископувале минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.
Вести
-
Економија 13.06.2024 14:47
-
Македонија 13.06.2024 14:05
Продолжува кампањата на кандидатите за претседател на СДСМ
Кандидатите за претседател на СДСМ продолжуваат со кампања меѓу членството на партијата.
-
Економија 13.06.2024 13:48
Ново поскапување, цената на лебот повисока за 10 проценти
Новото поскапување на лебот за 10 проценти ги налути граѓаните. Тие се жалат дека сè живо поскапело, а сиот товар, како што велат, паѓа врз и онака истенчениот семеен буџет, особено врз оние семејства кои во големи количини и често го купуваат овој основен прехранбен производ.
-
Македонија 13.06.2024 13:21
Избор на потпретседатели на седница во Собрание
За во 14 часот е закажана трета седница на новиот парламентарен состав. На дневен ред, предлог-одлуките за утврдување на бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела на законодавниот дом. Со одлуката, Собранието има 5 заменици. -
Македонија 13.06.2024 13:12
Процес за соработка на Југоисточна Европа
Во Скопје министерски состанок и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Домаќин е претседателката Сиљановска-Давкова. Грчката делегација ја предводи шефот на дипломатијата Гера-Петритис. -
Македонија 13.06.2024 13:06
Прилеп: Учениците со скратени часови, Итната медицинска помош со повеќе работа
Жешкото време не натера сите на внимателност. Основците веќе се со скратени часови.
Наставниците имаат посебни насоки. Одлуката е превентивна и разумна.
За 50-тина насто се зголемени интервенциите во итната помош.
-
Економија 13.06.2024 13:05
Земјоделието мора да се прилагоди кон климатските промени
Климатските промени имаат директно влијание врз земјоделието. Годишните сезони се поместени за две до три недели порано. Порано започнуваат и земјоделските активности.
-
Македонија 13.06.2024 13:04
Османи-Пападопуло: Поддршка од Грција клучна за европската интеграција на Македонија
На маргини на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во Скопје, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападопуло.
-
Свет 13.06.2024 12:48
УНХЦР: Бројот на присилно раселени лица бележи рекорди
УНХЦР предупредува да нема апатија и недејствување среде најголемото присилно раселување. Вкупните бројки се искачија до 120 милиони до мај годинава.
-
Македонија 13.06.2024 12:20
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Денис Беќировиќ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Водно, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ.










