Вести
-
Македонија 22.05.2024 09:33
Во Охрид и Струга се гласа на две избирачки места
Во охридско-струшкиот регион, во петтата изборна единица се прегласува на две избирачки места. Точно во 7 часот беа отворени избирачките места и гласањето сега се одвива во мирна атмосфера.Соња Рилковска известува. -
Македонија 22.05.2024 09:22
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 22.05.2024 09:18
Претседателката Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата
Македонската претседателка годинава ја предводи државно-црковната делегација за одбележување на традиционалната манифестација во чест на „Свети Кирил“ во светиот престол и во Рим.
-
Македонија 22.05.2024 09:18
ЦУК: Обилните врнежи од дожд можно е да го зголемат нивото на реката Лепенец
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва предупредуваат дека се очекува зголемување на водостојот на реката Лепенец.
Во соопштението од ЦУК се наведува дека зголемувањето на водостојот на Лепенец во нашата земја може да се случи во текот на вечерните и ноќните часови.
-
Свет 22.05.2024 09:03
Евакуацијата на странските државјани од француската територија Нова Каледонија
Продолжува евакуацијата на странските државјани од француската територија Нова Каледонија каде е прогласена 12-дневна вонредна состојба.
Во последните немири предизвикани поради разговорите во Париз за можни измени на избирачките списоци, шест лица се убиени, а стотици повредени.
-
Свет 22.05.2024 09:00
Бура го зафати средниот запад на САД
Моќна бура го зафати средниот запад на САД, предизвикувајќи повеќе торнада. Опустошен е мал град во Ајова.
-
Свет 22.05.2024 08:58
Полска и ЕУ ги нормализираат односите
Полска и ЕУ ги нормализираат односите. Министрите за европски прашања се согласија да стават крај на 6 годишниот спор.
-
Свет 22.05.2024 08:55
ООН ја прекинаа дистрибуцијата на храна во Рафах
ООН објавија дека ја прекинале дистрибуцијата на храна во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа поради недостаток на залихи и лошите безбедносни услови.
-
Македонија 22.05.2024 08:50
Прегласување на 7 избирачки места
Се прегласува во седум избирачки места, по две во општините Крушево и Долнени, и на по едно во Охрид, Струга и во општина Желино. До кракот на денот Македонија треба да ги добие последните двајца народни избраника, по изборите од 8 - ми мај.
-
Македонија 22.05.2024 08:33
МВР: 139 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.










