Еден пожар на отворено бил евидентиран во последното деноноќие во пладневните часови во Охрид, а во Гевгелија пожарникарите гаснеле запалено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Вести
-
Македонија 09.05.2024 09:52
-
Македонија 09.05.2024 09:48
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопштат првичните оценки за двојните избори
Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот втор круг од претседателските избори и на парламентарните избори.
-
Свет 09.05.2024 09:37
САД не даваат оружје за напад во Рафах
САД-најголемиот сојузник на Израел, ја прекинуваат испораката на бомби за Тел Авив сигнализирајќи загриженост за можна обемна офанзива во Рафах.
-
Македонија 09.05.2024 09:31
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12-ти мај
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12-ти мај, кога истекува мандатот на Пендаровски.
-
Македонија 09.05.2024 09:26
Одбележување на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска Владата на Република Северна Македонија свечено ќе ги одбележи овие два значајни празника.
-
Свет 09.05.2024 09:23
Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“,
Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик за создавање на денешната Европската унија.
Со бројни активности, настани и концерти, денот на Европа се одбележува во сите земји-членки на Унијата.
-
Свет 09.05.2024 09:19
Три жртви најмалку во силното невреме проследено со торнада во САД
Најмалку три жртви во силното невреме проследено со торнада што ги зафати централниот и југоисточниот дел на САД. Повеќе од 130 илјади домаќинства се без струја во Северна Каролина и Тенеси.
Властите во Мичиген прогласија вонредна состојба, а над 50 луѓе и натаму се под урнатините.
-
Свет 09.05.2024 09:16
Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород
Русија лансирала 20 беспилотни летала кон Одеса, 17 од нив соборени-тврди украинската одбрана возвраќајќи го ударот врз складиште за оружје во Kраснодарск.
-
Свет 09.05.2024 09:11
Продолжуваат израелските напади во Појасот Газа
Израелските напади во Појасот Газа продолжија. Се уништуваат цели на Хамас во јужниот пограничен град Рафах. Палестинските власти обвинуваат за гранатирање во област каде што не била извршена претходна евакуација на цивилите.
-
Македонија 09.05.2024 09:08
Фатмир Битиќи си поднесе оставка од потпретседател на СДСМ
Потпретседателот на СДСМ и досегашен потпретседател на Владата за должен за европски прашања си поднесе оставка од партиската функција.










