Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи. Особено попладне и локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Вести
-
Македонија 09.05.2024 09:05
-
Македонија 09.05.2024 09:02
ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања
Јавното обвинителство соопшти дека изборниот ден поминал генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти. Во кавадаречкото обвинителство е оформен предмет по поднесено известување против лице од Неготино кое било пријавено од граѓанин за кривично дело, повреда на сло
-
Македонија 09.05.2024 08:57
Објавена првична бројка на мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните проекции за бројот на освоени пратенички мандати во Собранието.
-
Македонија 09.05.2024 08:57
Претседателката на ДОМ поднесе оставка
Претседателката на ДОМ Маја Морачанин синоќа на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.
-
Економија 09.05.2024 08:52
Пари за подигнување на нови лозови и овошни насади
До 31-ви мај лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади како и за насади со ароматични и медоносни растенија подигнати во периодот од 1-ви мај до 31-ви декември 2023 година.
-
Македонија 08.05.2024 23:16
Мицкоски: Народот ја одржа најважната лекција, нема да го разочараме
Народот со гласачко ливче го победи криминалот и корупцијата. Народот ја одржа најважната лекција, нема да го разочараме, изјави во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-
Македонија 08.05.2024 22:55
Проекција на идниот собраниски состав
Според проекциите на ДИК, од досега преброените гласови Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ во идниот 120 член собраниски состав би имала 59 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ 19 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 18, Коалицијата од албанскиот опозициски
-
Македонија 08.05.2024 22:39
Ковачевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ, призна дека резултатот е разочарувачки
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на прес- конференција ја честиташе победата на политичкиот опонент на парламентарните избори, како и победата на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори.
-
Македонија 08.05.2024 22:36
Силјановска- Давкова: Ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани
Кандидатката за претседателка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, во своето вечерашно обраќање рече дека гласовите на граѓаните се непроценлива награда за неа, која значи огромна одговорност како идна претседателка на Македонија.
-
Македонија 08.05.2024 22:08
Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 41,79%, ДУИ 15,15%, СДСМ 14,29%, Вреди 12,17%, Левица 6,78%, ЗНАМ 5,11%
Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 73,74 избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 290.681 (41,79%), Европски фронт на ДУИ 105.362 (15,15%), Коали








