Уште најмалку три компании за одгледување канабис за медицински цели остануваат без дозволи за работа. Здравствените власти без конкретен одговор, какви пропусти се утврдени при инспекцискиот надзор. Претходно, лиценците ги загубија шест фирми што не ги почитувале законските правила.
Вести
-
Македонија 06.03.2026 17:46
-
Македонија 06.03.2026 17:30
Евакуација на нашинците од Блискиот Исток
Веќе една недела траат воените дејствија на Блискиот исток, ама нашинците од кризниот регион со различни гледања на ситуацијата. Дел сакаат да се вратат во Македонија, дел полека се навикнуваат на новата реалност. Но, и тие биле исконтактирале од надлежните во земјава.
-
Македонија 06.03.2026 17:17
Партиски реакции за извештајот на ЦИА за Глигоров
Власта и опозицијата го вкрстија копјата откако јавно беше објавен документ на ЦИА, во кој е наведено дека поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името.
-
Економија 06.03.2026 17:05
Неизвесност и откажани аранжмани, туристичките агенции ги чувствуваат последиците
Авионот за Кипар иако празен в сабота ќе летне. Над 100 македонски граѓани го откажале осмомартовското патување, поради страв од ескалација на состојбата на Блискиот Исток. Штета од големата неизвесност трпат патниците и туристичките агенции.
-
Македонија 06.03.2026 16:50
Трагедијата во Тафталиџе, повик за будење на институциите
Скопското обвинителство ќе утврдува дали Центарот за социјална работа кривично потфрлил во случајот со мајката и девојчето кои починаа по пад од висококатница во Тафталиџе. Отворена е постапка по допрен глас.
-
Економија 06.03.2026 16:28
Николоски: Двоцифрените стапки на раст во градежништвото не се случајни
Силниот раст на градежништвото од 14,6% во четвртиот квартал и 21% раст во третиот квартал од 2025 година даваат силен сигнал за стопанството, сигурност и поттик за идни инвестиции што ќе донесат ситуација во која БДП уште ќе расте, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николос
-
Македонија 06.03.2026 16:15
Трајков: Женското лидерство носи долгорочна перспектива
Настанот се организираше под глобалната тема „Права, правда, акција.
-
Македонија 06.03.2026 15:57
Укината забраната за користење на водата од градскиот водовод во Струга
По речиси еден месец укината забраната за користење на водата од градскиот водовод во Струга. Според последните анализи на надлежните институции, параметрите на водата се во дозволените граници, стружани конечно имаат питка вода.
-
Свет 06.03.2026 15:44
Американско – израелската офанзива се интензивира, Иран и натаму жестоко возвраќа
Американско – израелската офанзива се интензивира. На удар клучната инфраструктура во Техеран. Шефот на Белата Куќа вели дека иранската морнарица и воздухопловни сили се уништени. Трамп им вети имунитет на сите ирански војници што ќе го положат оружјето.
-
Свет 06.03.2026 15:32
Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори
Нова политичка криза во Косово. Претседателката Вјоса Османи потпиша указ за распуштање на Собранието, со што најави нови вонредни избори. Одлуката следува откако пратениците не успеаја да изберат нов претседател на земјата во законодавниот дом.










