Вести
-
Македонија 06.03.2026 13:28
Кризата се одрази на работата на туристичките агенциите
Зголемена неизвесност, откажани аранжмани поради стравување кај патниците. Кризата на Блискиот Исток се одрази врз работењето на домашните туристички агенции.Што кажаа од националната асоцијација на туристички агенции? Известува Викторија Милевска. -
Македонија 06.03.2026 13:20
Евакуација на нашинците од Блискиот Исток
Дел од нашинците се вратија дома, но многумина и натаму чекаат за евакуација од Блискиот Исток. Се финализира постапката за склучување договор со компанија, за организација на чартер – летови.
Наташа Јанчиќ – Менковски е пред МНР.
-
Македонија 06.03.2026 13:13
Оформен предмет за постапувањето на ЦСР
Јавното обвинителство по допрен глас оформи предмет за постапувањето на Центарот за социјални работи за трагедијата во Тафталиџе. По утврдените неправилности, се проверува и дали евентуално постои кривично дело.
Анита Димитријевска – Велковска го следи случајот.
-
Економија 06.03.2026 13:06
Производството на храна на крстопат
Македонските земјоделци се на крстопат. Сите очекуваат да ги добијат заостанатите субвенции последниве три години, ама дел не ја прифаќаат годинашнава програма за директна поддршка во земјоделството. Велат е рестриктивна за малите производители. Ја бараат ланската програма.
-
Македонија 06.03.2026 12:48
Сведоштво на фудбалерот Ашковски за војната во Иран
Новата страница во фудбалската клупска кариера на македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ашковски се претвори во вистинска голгота. Само месец и половина откако потпиша договор да настапува за иранскиот клуб „Рафсанџан“, земјата беше нападната од САД и Израел.
-
Македонија 06.03.2026 12:11
Промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ќе присуствуваат на промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“.
-
Свет 06.03.2026 11:38
Украина ја обвинува Унгарија за киднапирање на седум банкари и кражба на пари
Се заострува реториката меѓу Украина и Унгарија. Киев ја обвини Будимпешта за наводно киднапирање на седум украински банкарски службеници.
-
Македонија 06.03.2026 11:03
Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода насилник во Скопје, од пиштол пукал во домот
На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја 24-годишната
-
Македонија 06.03.2026 10:53
Нивото на водата во Охридското Езеро над месечниот просек
Нивото на водата во Охридското Езеро моментално изнесува 693,73 метри надморска височина, што е 24 сантиметри над просекот за месец март (693,49 мнв).
-
Свет 06.03.2026 10:15
САД и Венецуела договорија повторно воспоставување на дипломатски односи
САД и привремената влада на Венецуела се договорија да ги обноват дипломатските односи, објави Стејт департментот.










