Во Женева завршија преговорите меѓу Киев и Вашингтон. Се финализираат безбедносни и економски параметри за претстојниот трилатерален состанок со САД и Русија.
Вести
-
Свет 27.02.2026 09:39
-
Македонија 27.02.2026 09:18
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на двете комисии е второто читање на Предлог на законот за органско земјоделско производство.
-
Македонија 27.02.2026 09:05
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најниска температура од минус 6 степени е измерена во Берово, додека минус 4 степени се регистрирани во Крива Паланка. Минус 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка.
-
Култура 27.02.2026 08:49
„Чекори што не згаснуваат“ – концерт на ансамблот „Танец“ во чест на играорецот Симеон Чулев
„Чекори што не згаснуваат“ е насловен концертот на ансамблот „Танец“ во чест на играорецот Симеон Чулев кој почина неодамна. Концертот ќе се одржи вечер од 19.30 часот во Македонскиот народен театар.
-
Македонија 27.02.2026 08:40
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
Од 18.30 часот обиколницата околу Битола заради свлечиште е затворена за сообраќај, сообраќајот ќе се пренасочува преку градот Битола, екипите на Ј. П Македонија Пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот.
-
Македонија 27.02.2026 08:27
Претседателката Сиљановска - Давкова со највисоки почести ќе го пречека албанскиот претседател Бегај
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска ќе го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај.
-
Свет 27.02.2026 08:12
Ескалираа судирите меѓу Авганистан и Пакистан
Судирите меѓу Кабул и Исламабад ескалираа. Авганистанската војска изврши одмазднички напади и зазеде десетина гранични пунктови, по пакистанските воздушни удари во кои загинаа најмалку 18 лица.
-
Македонија 27.02.2026 08:09
Сончево со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
-
Македонија 26.02.2026 20:50
Сиљановска-Давкова на презентација на проектот Skills4Justice: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
-
Македонија 26.02.2026 20:39
Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: Заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност
Министерството за дигитална трансформација успешно ја заокружи првата етапа од соработката со Академијата за е-управување (e-Governance Academy – EGA), во рамки на иницијативата „EU Support to Western Balkans Cybersecurity Capacity Building“, финансирана од Европската Унија.










