ЕУ предлага проширување на роаминг поволностите кон Западен Балкан. Што ќе значи тоа за македонските граѓани и кога би можело да стане реалност? Министерот Андоновски се надева дека тоа наскоро ќе се случи.
Борис Грујовски известува.
ЕУ предлага проширување на роаминг поволностите кон Западен Балкан. Што ќе значи тоа за македонските граѓани и кога би можело да стане реалност? Министерот Андоновски се надева дека тоа наскоро ќе се случи.
Борис Грујовски известува.
Нотари, адвокати, новинари, поранешни судии. Различен стручен профил – но иста амбиција, преку реформа на Советот да се зголеми довербата во судството.
Последен четврток во месецот, во Собранието пратенички прашања, во фокусот евроинтеграциите. Претходно собранискиот спикер Гаши одржа средба со претставниците на медиумите.
Марина Стојанова-Тонева е во законодавниот дом.
„Џабе и правда да има и се да има и богатство да ми нудат и не знам што да ми нудат, јас го изгубив моето дете, по најскапата цена“-раскажува таткото на 35-годишната Марија, откако обдукцијата, по наредбата на обвинителството за ексхумација, покажа дека станува збор за насилна смрт.
Продолжува трендот на намалување на бројот на заболени од грип. последната недела пријавени се 1.113 случаи или 3,2 проценти помалку од претходната.
Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје ги одобри обвинителните акти поврзани со пожарот во Кочани и со предметот за злоупотреби на средства од ИПАРД програмата.
Перу прогласи вонредна состојба во речиси половина од областите во земјата по изобилните врнежи од дожд, лизгање на земјиштето и поплави предизвикани од зголемувањето на температурата на океанот, што властите го поврзуваат со климатскиот феномен Ел Нињо.
Трета и клучна рунда преговори меѓу Иран и САД во Женева со посредство на Оман. Вашингтон инсистира раководството во Техеран да запре со развивање нуклеарно оружје.
Крајбрежната стража на САД ќе го истражува нападот во кој загинаа најмалку четири лица, а шест се повредени во територијалните води на Куба. Имено глисер кој пристигнал од Флорида отворил оган кон брод на кубанската крајбрежна стража, по што следувала возвратна престрелка.
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на Македонија.