Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан.
Вести
-
Македонија 05.05.2026 10:46
-
Свет 05.05.2026 10:27
Зеленски најави прекин на огнот
Претседателот Зеленски, изјави дека Украина ќе воведе прекин на огнот во ноќта меѓу 5 и 6 мај, откако рускиот претседател Путин објави прекин на огнот за 8 и 9 мај по повод Денот на победата.
-
Економија 05.05.2026 10:06
Азески и Сали на средба за финансиски можности од ЕУ
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска организира работна средба со Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата.
-
Македонија 05.05.2026 09:45
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 05.05.2026 09:33
Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувања
Собраниската комисија за избори и именувања повторно интервјуира кандидати за член на Државната комисија за спречување корупција.
-
Свет 05.05.2026 09:11
Кина: Десетици жртви при експлозија во фабрика
Најмалку 21 лице загина, а повеќе од 60 се повредени во експлозија во фабрика за огномет во покраината Хунан, во Кина. Воздушните снимки покажуваат бел чад како сè уште се издига во одредени области од локацијата, со урнати или оштетени објекти.
-
Македонија 05.05.2026 09:01
Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Аеродром
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.
Како што соопштија од владината прес-служба, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.
-
Свет 05.05.2026 08:43
Продолжува битката за Ормускиот теснец
Не стивнуваат тензиите на Блискиот Исток. Претседателот Трамп тврди дека САД погодиле седум ирански брзи чамци откако ветија дека ќе им помогнат на заглавените бродови да излезат од Ормускиот теснец. Шефот на Белата куќа го нарече конфликтот со Иран мини-војна која се одвива многу добро.
-
Македонија 05.05.2026 08:23
Пресуда за злоупотреба на ИПАРД - фондовите
Во Кривичен суд треба да биде изречена пресуда за Јасмина Костадинова, за случајот злоупотреба на ИПАРД фондовите.
На претходното рочиште соработничката во Министерството за земјоделство призна вина за примање награда од 2.000 евра.
-
Македонија 05.05.2026 08:10
Ден на македонскиот јазик
Денеска се одбележува 5-ти мај Денот на македонските јазик. Одбележувањето официјално почнува од 2019-та година, во чест за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 македонскиот е прогласен за официјален јазик.










