Денес го славиме македонскиот јазик. Нашата единствена татковина, најголемиот и најсигурен штит на еден народ.
Вести
-
Македонија 05.05.2026 18:17
-
Македонија 05.05.2026 17:56
ФЗО ги проверува лажните боледувања
По МВР, и министерството за одбрана бара ФЗО да ги провери боледувањата на нивни вработени. Инспекторите лани направиле двојно повеќе контроли споредено со 2024-та. За да се отстранат детектираните аномалии, формирана е работна група за измени на правилникот за боледувања.
-
Македонија 05.05.2026 17:34
Член на обезбедувањето на премиерот заврши во притвор со кривична за напад врз сопругата
Кривична пријава против член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски поради физички напад врз неговата 37-годишна сопруга. Одреден му е притвор, ќе се гони за нанесување телесна повреда. Постапка против него отвори и внатрешната контрола, со мерка за отстранување од работното место.
-
Македонија 05.05.2026 17:18
Службеничката од Министерството за земјоделство, обвинета за мито во случајот со парите од ИПАРД доби 10 месеци затвор
10 месеци затвор, одреди скопска единица за службеничката од Министерството за земјоделство Јасмина Костадинова која призна дека зела 2.000 евра мито за да посредува фирма од Велешта да добие пари од ИПАРД програмата.
-
Македонија 05.05.2026 17:02
Условни казни за тројца полицајци за „Пулс“
Условни казни за тројцата полициски службеници, кои беа обвинети за злоупотреба на службената положба во случајот со кочански „Пулс“. Кире Богатинов и Горан Лазаров добија условни казни од по една година, а нивниот колега Александар Темелков од две.
-
Економија 05.05.2026 16:34
Четирисезонски туристички центар во Битола
Ќе добијат ли битолчани нов четирисезонски туристички центар? Експертите сметаат дека гондолата на Пелистер ќе ја доближи недопрената природа на националниот парк до секој кој ќе сака да ужива во неа, ќе поттикне поголем развој на туризмот, но и спорт во четири сезони.
-
Македонија 05.05.2026 16:11
Заострува реториката за односите со Бугарија
Релациите Скопје – Софија, камен на сопнување меѓу власта и опозицијата.
-
Македонија 05.05.2026 15:49
Забрзано се работи на исполнување на реформската агенда, уверува Сали
Од 750 милиони евра, Македонија искористила само 112 милиони од Планот за раст на ЕУ.
-
Македонија 05.05.2026 15:26
Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци
Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата.
-
Економија 05.05.2026 15:17
Извозот пораснал за 3,6% во првиот квартал, увозот зголемен за 0,5%
Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1,998 милијарди евра и бележи пораст од 3,6 проценти во однос на истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.










