Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и
Вести
-
Македонија 21.04.2026 08:42
-
Македонија 21.04.2026 08:21
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 21.04.2026 08:12
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
-
Македонија 20.04.2026 21:03
Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за трговија и интеграции, Арман Шакалиев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална посета на земјава заедно со претставници на казахстанска деловна заедница.
-
Македонија 20.04.2026 20:51
Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски на средба со американскиот амбасадор во НАТО, Витакер
На средбата, министерот Мисајловски истакна дека македонскиот одбранбен буџет е во нагорна линија и е согласно предвидениот план на раст. „За набавка на нова и модерна опрема се наменети 32,5 проценти од Буџетот“, рече Мисајловски.
-
Македонија 20.04.2026 20:29
МВР: Возач фатен со 178 км/ч на патот Гостивар – Тетово, возилото е одземено
Вчера во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на п
-
Свет 20.04.2026 20:07
Продолжува кампањата за сузбивање на криумчарењето со дрога во САД
Администрацијата на Трамп ја продолжува кампањата за сузбивање на криумчарењето со дрога во САД. Американската војска објави дека извршила нов напад врз брод за кој се сомнева дека превезува дрога во Карипското Море.
-
Економија 20.04.2026 19:46
Потпишан договор за техничка и експертска поддршка за воведување систем за инстант плаќања во земјата
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и заменик-претседателката на Светската банка, Антонела Басани, потпишаа договор за техничка и експертска поддршка за воведување систем за инстант плаќања во земјата, се наведува во соопштението од Народната банка.
-
Свет 20.04.2026 19:22
Земјотрес од 7,5 степени ја погоди префектурата Ивате во Јапонија
Земјотрес од 7,5 степени по Рихтер ја погоди префектурата Ивате во Јапонија. Прогласена е тревога за цунами во голем дел од североисточниот брег на земјата.
Јапонската премиерка Такаичи ги советуваше жителите во погодените подрачја да се засолнат на безбедно на повисоки места.
-
Македонија 20.04.2026 19:07
Косовски државјанин осомничен за тешки кражби во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и уште еден обид да изврши тешка кражба од истиот објект.










