Цените на нафтата на светските берзи одново забележаа пораст откако САД нападнаа и запленија ирански товарен брод во Оманскиот Залив. Имено, пловилото се обидело да ја пробие поморската блокада во близина на Ормускиот теснец по што морнарицата интервенирала.
Вести
-
Свет 20.04.2026 12:00
-
Македонија 20.04.2026 11:26
Почнува оценувањето на лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“
Во штипската касарна почнува оценувањето на лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“, со цел исполнување на НАТО целите на способности.
-
Свет 20.04.2026 11:05
Вооружен маж од Луизијана уби 8 деца
Вооружен маж од Луизијана уби 8 деца, вклучувајќи 7 свои во најкрвавото масовно пукање од 2024 година. Децата се на возраст од една до 12 години. Крвавиот напад се случи во Шривпорт, третиот најнаселен град во американската држава Луизијана.
-
Македонија 20.04.2026 10:42
Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата денеска во Вила „Водно“
Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се одржи спортски настан за реализација на заложбата за развој и имплементација на национален модел за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата.
-
Македонија 20.04.2026 10:30
Седници на три комисии денеска во Собрание
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и за политички систем и за односи меѓу заедниците, како и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 20.04.2026 10:20
Министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан во работна посета на земјава
Во работна посета на земјава престојува министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев. Тој предводи делегација на бизнисмени од Казахстан. Ќе учествуваат на бизнис форум со претставници на македонската деловна заедница.
-
Македонија 20.04.2026 10:02
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Свет 20.04.2026 09:25
САД пресретнаа и запленија товарен брод под иранско знаме
САД пресретнаа и запленија товарен брод под иранско знаме кој се обидуваше да ја помине американската блокада на иранските пристаништа, вели претседателот Трамп. На бродот му било издадено предупредување да застане во Оманскиот Залив, но одбил, по што морнарицата го запрела и оштетила.
-
Македонија 20.04.2026 09:12
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
На 20.04.2026 година ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, делница Плетвар-Прилеп и истата ќе трае до завршувањето на санацијата. Сообраќајната согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци.
-
Македонија 20.04.2026 08:40
Ново рочиште за случајот „Пулс“.
Ново рочиште во судницата во Идризово за случајот „Пулс“. Треба да продолжи со распит на нови тројца сведоци на обвинителството.










