Анел Фидоски е нов шеф на Скопското јавно обвинителство. Во трката за оваа моќна позиција ја доби доверба од мнозинството членови на Советот на обвинители.
Од таму известува Марина Стојанова Тонева.
Анел Фидоски е нов шеф на Скопското јавно обвинителство. Во трката за оваа моќна позиција ја доби доверба од мнозинството членови на Советот на обвинители.
Од таму известува Марина Стојанова Тонева.
Тридневна жалост во Шпанија по судирот на два воза во кој загинаа 41 лице, а десетици се повредени. Продолжуваат напорите за извлекување на телата на три лица заробени во еден од вагоните.
Сè уште нема барање за притвор за судијата Ѓоко Ристов кој се сомничи за корупција и во чиј дом во Неготино се пронајдени 350 илјади евра во ѕид. Нема барање ниту до Судскиот совет за одземање на судскиот имунитет.
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.
Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повторно ја зголеми својата прогноза за раст на глобалната економија во 2026-та година. Треба да порасне на 3,3 проценти годинава. Во октомври, беше предвиден раст од 3,1 процент.
ММФ очекува стабилен раст во 2027 година, со стапка од 3,2 проценти.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во населбата Бирарија.
Судбината на Гренланд – тест за сојузништвата. Арктичката територија со денови е тема број еден поради напорите на претседателот Трамп за американска контрола.
Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“, на кој како солисти ќе настапат виолинистот Теди Папаврами и пијанистката Маки Окада.
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.
Извршната власт на Европската Унија, Русија, Белорусија и Тајланд беа последни кои беа поканети да се приклучат на новиот Одбор за мир на претседателот на САД, Трамп, кој ќе ја надгледува следната фаза од мировниот план за Газа.