Растечките цени на нафтата и гасот во Европа, како резултат на тековната војна со Иран, нема да се вратат на нормални нивоа наскоро, дури и ако утре биде прогласен мир, предупреди Европската унија.
Вести
-
Свет 01.04.2026 11:37
-
Македонија 01.04.2026 11:02
Лишени од слобода две лица поради бегство од затвор
Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица.
-
Свет 01.04.2026 10:31
Денеска ќе се одржи видеоповик меѓу украински и американски претставници
Украинскиот претседател објави дека Русија, преку американски посредници, му поставила ултиматум на Киев. Украина има два месеци да ги повлече своите трупи од Донбас, во спротивно Москва ќе го заземе регионот, а условите ќе станат потешки, вели Зеленски.
-
Македонија 01.04.2026 10:11
Син осомничен за убиство на татко во Гостивар, се обидел да ги прикрие трагите
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
-
Македонија 01.04.2026 09:43
Муцунски во работна посета на Франција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз.
-
Култура 01.04.2026 09:32
„Матица“ го објави романот „Црна лисица“, нов том од избраните дела на Блаже Миневски
На денешен ден, пред 65 години е роден еден од најзначајните автори на современата македонска книжевност – прозаистот и драмски автор Блаже Миневски, писателот што напиша романи, раскази и драми што влијае на текот на македонскиот книжевен развој.
-
Македонија 01.04.2026 09:26
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Попова Шапка утрово беше најстудено место во земјава со измерени-3 степени. Во Маврово беа измерени-1 степен, додека во Лазарополе и во Крушево беа измерени нула степени.
На Попова Шапка има и најмногу снег – 57 сантиметри.
-
Македонија 01.04.2026 09:26
Собраниска Комисија за еднакви можности на жените и мажите
Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог одлуката за одржување на Надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднакви
-
Македонија 01.04.2026 09:12
Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет во Скопје
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, кој од престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
-
Свет 01.04.2026 08:59
Трамп: За две до три недели ќе го напуштиме Иран
Шефот на Белата Куќа сугерира дека САД ќе го напуштат Иран за две или три недели. Трамп вели дека имал една цел – Техеран да не може да има нуклеарно оружје, и вели дека таа е постигната. Според него, новата генерација ирански лидери се многу помалку радикализирани и порационални.










