Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Беким Сали, денеска учествуваше на 10-тиот Самит на верските лидери од земјите на Балканот, кој се одржа во Скопје.
Вести
-
Македонија 31.03.2026 14:58
-
Економија 31.03.2026 14:39
Славески- Шиаочинг Ју: Народната банка внимателно ги следи глобалните ризици и е подготвена соодветно да реагира
Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата во Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои ги зголемија глобалните ризици, креирајќи нов шок на страна на понудата и динамичен раст на цените на енергијата.
-
Свет 31.03.2026 14:17
Делегација од ЕУ на годишнина од масакарот во Буча
Министрите за надворешни работи од земјите-членки на Европската унија оддадоа почит на жртвите од руските напади во Буча.
-
Македонија 31.03.2026 13:41
Пациентите од РЕК во стабилна здравствената состојба
Се подобрува здравствената состојба на вработените од рек кои со симптоми на труење побараа помош во битослаката болница. Од Министерството за здравство во текот на денот се очекуваат резултатите од извршените анализи.
Александра Макимовска известува.
-
Македонија 31.03.2026 13:41
Со анекси до терапија за пациентите на Онкологија
За две недели, онколошки пациенти треба да ги имаат лековите коишто во моментов има недостигаат. Потпишани се анекси на договорите. Се чека испораката. Деновиве треба да распишан и тендерот со кој ќе се обезбеди терапија за цела година. -
Македонија 31.03.2026 13:33
Пропусти во институциите при фемициди
Семејното и родовото насилство во фокусот на Народниот правобранител. Фемицидот во многу случаи бил причина за смрт. Омбудсманот констатирал низа институционални пропусти. Реакцијата не била навремена.
Андријана Ѓурческа ја следеше прес-конференцијата.
-
Македонија 31.03.2026 13:31
Црногорскиот претседател во посета на земјава
Со највисоки државни и воени почести, македонската претседателка Сиљановска-Давкова во Вила Водно го пречека црногорскиот колега, Јаков Милатовиќ, кој допатува во официјална посета на земјава. И Скопје и Подгорица се надеваат на европска иднина. -
Македонија 31.03.2026 13:17
Тројца полицајци на обвинителна клупа за „Пулс“
Тројца полицајци обвинети за постапувањето при контролите во кабарето „Пулс“ седнаа на обвинителна клупа. Обвинителството тврди дека казните ги пишувале на друга фирма. -
Македонија 31.03.2026 13:14
Утврдени пропусти кај 39 полицајци во случајот на семејно насилство во Тафталиџе
39 полицајци потфрлиле во постапувањето во случаите на семејното насилство кое обвинетиот Стојанче Јовановски го вршел врз сега покојната Ивана пред трагедијата во Тафталиџе. Ова го покажа внатрешната контрола на МВР. На потег е обвинителството.
-
Свет 31.03.2026 12:41
Нападите продолжуваат на двете страни
Продолжуваат борбите во Украина. Киев и Москва јавуваат за пресретнати дронови и повредени цивили.










