Вести
-
Македонија 08.01.2026 13:16
Поројни дождови, излевање на водотеците
Поплавени куќи, подруми, улици, обработливо земјиште – ноќеска битолските комунални претпријатија со бројни интервенции по обилните врнежи во пелагонискиот регион. Зголемено нивото и на акумулацијата Стрежево. Утрово Кризниот штаб на состанок. -
Свет 08.01.2026 12:54
САД заплени руски брод
Пловилата од т.н „Флота во сенка“ која Русија, Иран и Венецуела ги користат за заобиколување на меѓународните санкции одново ги разгоруваат тензиите. САД запленија два танкера поврзани со венецуелска нафта во операции во Северниот Атлантик и Карибите.
-
Свет 08.01.2026 12:38
Протести откако агент на Федералната служба за имиграција смртно застрела жена во Минеаполис
Расте револтот во САД откако агент на Федералната служба за имиграција и царина смртно застрела жена во Минеаполис, која со возилото ја попречуваше работата на службениците. Револтирани граѓани се собраа брзо по убиството и почнаа со протест.
-
Македонија 08.01.2026 12:08
Премиерот Мицкоски иницира лидерска средба со партиите за реформски закони
Премиерот Мицкоски иницира лидерска средба со партиите за реформски закони и укинување на техничката влада, бара консензус пред изборите.
-
Македонија 08.01.2026 11:16
Грчките земјоделци во 48-часовна блокада, ќе бидат затворени Богородица и Меџитлија
Грчките земјоделци денеска и утре започнуваат 48-часовна блокада. Ќе бидат затворени и граничните премини кон Македонија – Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица).
-
Македонија 08.01.2026 10:48
Обилните врнежи предизвикаа поплави низ земјата, евакуирани околу 100 лица во Кичево
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава предизвикаа поплави и излевање на реки во повеќе региони, покажува состојбата до 9 часот утринава, информираат од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 08.01.2026 10:38
Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево и Охрид
Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар.
Снег има и во Крива Паланка, каде висината на покривката изнесува 2 сантиметри.
-
Македонија 08.01.2026 10:07
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 08.01.2026 09:48
Сообраќајот во зимски услови – забрани за тешки товарни возила на Струга–Ќафасан и на ГП Меџитлија
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан.
-
Свет 08.01.2026 09:31
Протестите во Иран продолжуваат, има мртви и ранети, илјадници се уапсени
Демонстрациите во Иран продолжуваат. На 310 локации во 28 од 31 провинција во Иран граѓаните масовно излегуваат на улиците секој ден од 28 декември.










