Вести

  • Македонија 02.01.2018 10:36

    Воздухот загаден, високи концентрации на ПМ-10 честички

    Во неколку градови во Македонија се дише на жабри. И покрај празниците и намалениот број на автомобили во земјава, ноќеска беше забележано високо ниво на аерозагаденост кое што во Скопје достигна и над 600 микрограми ПМ-10 честички на квадратен метар.

  • Свет 02.01.2018 10:27

    САД и Израел во одбрана на иранскиот народ

    Протестите во Иран кои почнаа како движење против политиката на поскапување на основните животни производи, нагло прераснаа во масовни и насилни демонстрации кои веќе зедоа над десет човечки жртви.

  • Македонија 02.01.2018 10:21

    Зимата поволна за земјоделството

    Температурите на воздухот се натпросечни за овој период од годината што им годи на посевите заради задоцнетата сеидба и подготовката на културите за презимување.

  • Свет 02.01.2018 09:06

    Могерини: 2018-та е клучна година за Балканот

    Високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија Федерика Могерини, истакна синоќа дека 2018 година ќе биде клучна година за Балканот со цел евопската интеграција и реформите да се направат неповратни.

  • Македонија 02.01.2018 09:04

    Во четврток нов влажен и постуден бран

    Во четврток ќе има нов влажен и постуден бран со локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, најавуваат од УХМР. Врнежите ќе бидат позастапени во југозападните делови.

  • Македонија 02.01.2018 08:59

    Серија земјотреси во Дојранско

    Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје, но најсилниот, со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути.

  • Македонија 02.01.2018 08:56

    Учениците на тринеделен зимски распуст

    Околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, од денеска се на зимски распуст.

    На настава во второ полугодие ќе се вратат на 22-ри јануари.

  • Македонија 30.12.2017 11:11

    Итната медицинска помош со препораки до граѓаните за празниците

    Умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хроничните болни редовно да ја земаат терапија, а оние кои постеле да внимаваат со внес на храна, препорачува во пресрет на прославата на Нова година и божиќните празници службата за Итна медицин

  • Македонија 30.12.2017 11:07

    МВР: Да не се употребуваат пиротехнички средства за празниците

    Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за време на празниците да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства. Нема да се толерира и најстрого ќе се казнува препродавањето и употребата на пиротехничките средства.

  • Македонија 30.12.2017 11:05

    РСБСП: За безбедни и весели празници - возете одговорно

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира, сите учесници во сообраќајот за новогодишните и божиќните празници да бидат внимателни и одговорни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат правилата за ограни

Pages