Полицијата постапуваше врз основа на наредби издаедени од судот и врз основа на законски овластувања, рече министерот за внатрешни Оливер Спасовоски по прозивката од Народниот правобранител, кој смета дека била прекршена постапката при приведувањето на пратениците кои се осомничени за настаните
Вести
-
Македонија 29.12.2017 14:29
-
Култура 29.12.2017 14:09
Традиционален новогодишен концерт на Битолскиот камерен оркестар
Битолчани во чекор со европските метрополи. И овој пат во пресрет на Новата година со традиционалниот новогодишен концерт. Камерниот оркестар и неколкуте реномирани солистички имиња најавија богата програма. Од Битолскиот камерен оркестар велат дека годинешниот концерт мотивира уште повеќе.
-
Македонија 29.12.2017 13:59
Пакети со топла облека за бездомниците
Живот без кров над глава, борба да се преживее секој ден. Секојдневие исполнето со неизвесност и студ. Не е лесно да се издржи, но оптимизмот не ги напушта, секој ден се надеваат на подобро утре. Секој со различна приказна, но судбината ги споила.
-
Култура 29.12.2017 13:30
Џијан Емин ќе диригира во Унгарија
Македонскиот композитор, диригент и аранжер Џијан Емин на 4-ти и 5-ти јануари ќе диригира на два концерта во Будимпешта, во салата Мупа- една од најпрестижните во Унгарија.
-
Економија 29.12.2017 13:27
Азески: Мора да се соочиме со клучните предизвици
Само со брзи и длабоки реформи Македонија ќе успее на патот кон одржлив раст и развој. Немаме време за реформи кои ќе ни покажат дека треба да правиме соодветни реформи, смета претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
-
Македонија 29.12.2017 13:12
Атина: Македонскиот проблем се враќа на сцената
„Спектарот на македонскиот проблем“ се враќа на грчката политичка сцена и во оваа фаза го става на тест единството на Владата, бидејќи во владејачката коалиција има две линии, се вели во текстот објавен на грчкиот портал „Њус-ин“.
-
Македонија 29.12.2017 13:08
ВМРО-ДПМНЕ: Да престане политичкиот прогон
Не постои никаков правен аргумент, уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и другите неправедно обвинети за тероризам да се држат во притвор, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 29.12.2017 12:51
Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег во Маврово и Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, а во останатите делови коловозите се местимично влажни.
-
Свет 29.12.2017 12:48
Голем пожар во зграда во Бронкс, 12 загинати
Дванаесет луѓе загинаа, меѓу кои и едно бебе во голем пожар што изби во станбена зграда во Бронкс, Њујорк. Пожарот избил на првиот кат на една зграда, по што се раширил на повеќе катови.
-
Економија 29.12.2017 12:39
КХВ не дозволи „Балкан Петролеум“ да даде понуда за преземање на „Макпетрол“
Комисијата за хартии од вредност соопшти дека одлучила на компанијата „Балкан петролеум лимитид“ да не ѝ издаде дозвола за давање понуда за преземање на скопски „Макпетрол“.










