Вести

  • Македонија 28.12.2017 14:47

    Од утре се укинува бесплатниот градски превоз

    Од утре се укинува бесплатниот градски превоз во Скопје. Мерката беше воведена вчера поради високата загаденост во изминатите два дена.

  • Македонија 28.12.2017 13:43

    Јавна дебата за Предлог- законот за амнестија

    Собраниската Комисија за политички систем без присуство на опозицијата го поддржа донесувањето на Законот за амнестија. Со законот ќе се амнестираат околу 670 затвореници осудени на до шест месеци затворска казна и 30-процентно ќе се намали казната на 3.097 осуденици.

  • Македонија 28.12.2017 13:22

    Апелација го укина првостепеното решение за „Поткуп“

    Предметот „Поткуп“ се враќа на повторно постапување на првостепениот суд. Ваква одлука донесе Апелација по одржаната јавна седница. Го укина првостепеното решение.

  • Македонија 28.12.2017 13:19

    ВМРО- ДПМНЕ: Кривичниот суд во функција на неправдата

    Кривичниот суд повторно се стави во функција на неправдата. Продолжи решенија за притвор на неаргументирани барања на Јавното обвинителство за случај кој е целосно фабрикуван, со што покажа дека е само слеп извршител на нечии наредби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

  • Економија 28.12.2017 13:18

    КСС и СОНК најавуваат протест

    Конфедерацијата на слободните синдикати и Синдикатот на образованието и науката, најавија предупредувачки протест на 17-ти јануари. Посочуваат дека може да биде доведен во прашање и почетокот на второто полугодие.

  • Свет 28.12.2017 13:06

    Путин: Експлозијата е терористички акт

    Експлозијата што се случи во продавница во Санкт Петербург, во која беа повредени 13 лица е резултат на терористички чин, изјави рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на доделување на годишните награди за воените службеници што служеле во Сирија.

  • Македонија 28.12.2017 12:59

    МРТ- 73 години во етерот

    73 години во етерот одекнува гласот на Македонското радио. Информации, вести, дебати, репортажи- дојде до израз креативноста на првите новинари кои успеаа со збор да го илустрираат тоа што со слика дваесет години подоцна се објави на првите црно- бели екрани.

  • Македонија 28.12.2017 12:40

    Филипче: Нема инсулинска криза, лекот е пуштен во продажба

    Нема инсулинска криза во Македонија, лекот е пуштен во продажба- потврди новиот министер за здравство, Венко Филипче. Објаснува дека главниот проблем поради кој се јавил недостиг била долготрајната процедура за набавка.

  • Свет 28.12.2017 12:29

    Рио де Жанеиро: Три милиони луѓе за Нова година на Копакабана

    Властите во Рио де Жанеиро очекуваат рекорден број луѓе кои Новата година ќе ја дочекаат на плажата Копокабана.

  • Македонија 28.12.2017 12:26

    Џафери очекува опозицијата да се врати во Собранието

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Законодавниот дом на 9-ти јануари. Спикерот се надева дека опозицијата ќе учествува на пленарната седница на која на дневен ред е Предлог- законот за јазиците.

Pages