Вести

  • Македонија 19.09.2017 11:37

    Посвежо и ветровито следните два дена

    Од утре се очекува промена на времето со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Веќе во четврток ќе биде облачно и доста посвежо со пад на дневната температура за околу 10-тина степени.

  • Свет 19.09.2017 11:15

    Судири на протестен марш против неонацистите во Атина

    Грчката полиција се судри со група демонстранти во протестен марш организиран во знак на сеќавање на музичар и активист убиен пред четири години. Павлос Фисас беше усмртен од симпатизери на неонацистите, односно приврзаник на „Златна зора“, по што во земјата почнаа серија протести.

  • Економија 19.09.2017 11:10

    Денеска ново задолжување од 60 милиони евра

    Државата од домашните банки, осигурителни друштва, денеска ќе побара заем од приближно 60 милиони евра, објави Министерството за финансии.

    Утре, според Министерството, по основ на доспеани обврски, државата треба да ја врати истата сума пари.

  • Македонија 19.09.2017 10:53

    Локализиран пожарот на Пелистер

    Синоќа двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување успеаја да го стават под конторла пожарот на Баба Планина под врвот Пелистер, сепак поради силниот ветар на места се засилувал, но бил спречен од вработените во Дирекцијата.

  • Македонија 19.09.2017 10:49

    Средба Димитров- Шенон

    Шефот на македонската дипломатија кој е дел од делегацијата предводена од премиерот Заев на генералното собрание на ОН, се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт Департмент, Томас Шенон.

  • Свет 19.09.2017 10:44

    Сент Луис: Протести и масовни апсења

    Продолжуваат протестите во Сент Луис, Мисури, четврти ден по ред, поради ослободувањето на полицаецот Џејсон Стокли кој уби Афроамериканец.

    Демонстрантите се собраа пред затворот за да покажат солидарност со уапсените 120 лица.

  • Економија 19.09.2017 10:41

    Лозарство: Колку чини инвестирањето во „капка по капка“?

    Со промената на климата и топлите и сушни лета се зголемува и потребата за воведување современи системи за наводнување кои штедат големи количества вода и го зголемуваат приносот и квалитетот на родот.

  • Македонија 19.09.2017 10:36

    Заев на средба со ОМД: Законот за употреба на јазиците нема да биде надвор од Уставот

    Законот за употреба на јазиците нема да биде надвор од Уставот- вакво уверување од владината делегација добила Обединетата Македонска Дијаспора на средбата во Њујорк.

  • Македонија 19.09.2017 10:12

    Собранието ќе расправа за Законот за стечајци

    Во Собранието денеска продолжува 12-тата седница на која ќе се расправа за Предлог-законот за стечајците поднесен од владејачката коалиција.

  • Свет 19.09.2017 08:50

    Ураганот Марија достигна петта категорија

    Ураганот Марија во текот на ноќта стана исклучително опасен и достигна јачина од петта категорија, предупреди американскиот Национален центар за урагани. Брзината на ветровите изнесува 260 километри на час.

Pages