Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд на места проследени со ретки грмежи.
Ќе дува повремено засилен југозападен ветер на моменти со брзина до 65 километри на час.
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд на места проследени со ретки грмежи.
Ќе дува повремено засилен југозападен ветер на моменти со брзина до 65 километри на час.
Почна судскиот процес против пензионерот Панче Ангелов, кој на 27-ми април ја влечеше за коса сегашната министерка Радмила Шекеринска, нанесувајќи и потрес на мозокот, расекотини и повреди на вратот.
Македонија во континуитет е изложена на асиметрични закани кои произлегуваат од зачестеното манифестирање на етничка нетрпеливост, верска нетолеранција и екстремизам, кои создаваат плодно тло за радикализација, која може да доведе до тероризам.
Mакедонија нема потреба од стенд- бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд. Владата ќе се држи до програмата за работа и тоа се рамките во кои ќе се движи- вели министерот за финансии Тевдовски.
Во Собранието изгласан Законот за стечајците погодени од приватизацијата на претпријатија во државна сопственост. Законот беше донесен едногласно со 82 гласа „за“. ВМРО-ДПМНЕ порача, ќе го поддржиме овој закон кој е во интерес на граѓаните.
Ураганот „Марија“, кој премина во петта категорија, предизвика огромна материјална штета на островот Доминика. Премиерот на карипската држава Рузвелт Скерит побара помош од меѓународната заедница. Неговиот дом е поплавен и без покрив. На Фејсбук напиша: „Ветрот е безмилосен.
Македонија очекува признание од Европската унија за постигнатиот напредок во реформите, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, по 100-те дена од доаѓањето на власт.
Каталонија ќе доживее невидена сиромаштија ако се одвои од Шпанија, изјави министерот за економија Луис де Гуиндос, алудирајќи на референдумот за независност.
Од утре се очекува промена на времето со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Веќе во четврток ќе биде облачно и доста посвежо со пад на дневната температура за околу 10-тина степени.
Грчката полиција се судри со група демонстранти во протестен марш организиран во знак на сеќавање на музичар и активист убиен пред четири години. Павлос Фисас беше усмртен од симпатизери на неонацистите, односно приврзаник на „Златна зора“, по што во земјата почнаа серија протести.