Вести

  • Македонија 17.05.2017 15:56

    Во Србија негативна кампања кон Македонија

    Континуиран пораст на говор на омраза во јавниот дискурс, политичарите и медиумите користат запалив, пежоративен и националистички јазик, а тензиите во регионот се значително пораснати- стои во последната препорака на Комисијата при Советот на Европа упатена до Србија, која ја објавија медиумите

  • Македонија 17.05.2017 15:50

    Метео: Пораст на температурите

    Утре во Македонија се очекува подобрување на временските услови. Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

    Порастот на температурите ќе ни донесе затоплување на времето.

  • Свет 17.05.2017 15:49

    ИД ја нападна Авганистанската државна телевизија

    Најмалку десет луѓе загинале, а 18 се повредени во напад на зградата на Авганистанската државна телевизија и радио станица во Џалалабад. Меѓу загинатите се и четворица вработени во телевизијата и двајца полицајци.

  • Економија 17.05.2017 15:44

    Одржливи граници на јавниот и државниот долг

    Студијата на невладината „Фајнанс тинк“ покажала дека одржливи граници на македонскиот државен долг се од 41 до 48,7% од БДП. Додека за јавниот долг одржливо ниво е меѓу 51 и 59,2%.

  • Македонија 17.05.2017 15:37

    Могерини и Хан го поздравија доделувањето на мандатот

    Европската унија ја поздравува одлуката на претседателот Иванов да му даде мандат за формирање влада на Зоран Заев.

  • Македонија 17.05.2017 15:30

    Случувањата во Македонија во фокус на грчките медиуми

    Состојбата во нашата земја е одблизу набљудувана од страна на кинеската дипломатија и тајни служби, поради кинескиот план за конструкција на железницата Патот на свилат – информираат дел од грчките медиуми за неодамнешниот самит во Пекинг.

  • Економија 17.05.2017 15:23

    Компаниите се општествено одговорни

    Расте општествената одговорност кај дел од компаниите велат од Комората на Северозападна Македонија. Компаниите се отворени за соработка и со грѓанскиот сектор, но велат има недоволна информираност и недоверба во однос на неговата транспарентност.

  • Култура 17.05.2017 14:47

    „Атена со пенис“ премиерно на сцената на Драмски театар

    Во претставата што се подготвуваше два месеца учестуваа поголемиот дел од ансамблот на театарот. Авторот Русјаков и режисерот Евтимов ветуваат вистински хит кој ќе ги врати редиците пред билетарата на Драмски.

  • Свет 17.05.2017 14:29

    Атина: Демонстрантите со молотови коктели, полицијата со солзавец

    Грчката полиција се судри со демонстрантите кои фрлаа молотови коктели во центарот на Атина за време на протестот во рамките на генералниот штрајк во Грција.

    Генералниот штрајк го организираат синдикатите поради новите мерки за штедење што ги договори грчката Влада со кредиторите.

  • Македонија 17.05.2017 14:25

    За 24 години над 20.000 повици на СОС линијата на Меѓаши

    Сѐ поголем е бројот на повозрасни малолетници кои сексуално злоставуваат помали, покажува СОС телефонот на Меѓаши. Според Првата детска амбасада во светот, потребно е институциите постојано да бидат будни.

Pages