Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, информираат од кабинетот на Претседателот на РМ.
Вести
-
Македонија 17.05.2017 11:23
-
Македонија 17.05.2017 11:22
„За заедничка Македонија“ поднесе иницијатива до Уставниот суд за изборот на Џафери
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ поднесе претставката пред Уставниот суд за оценка на законитоста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
-
Македонија 17.05.2017 10:52
Уставниот суд одлучи- земјоделските субвенции може да се исплаќаат
Уставниот суд на денешната седница донесе конечна одлука за укинување на оспорените одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, со што треба да се овозможи исплата на земјоделските субвенции.
-
Култура 17.05.2017 10:48
Изложба на детски ликовни творби во Битола
Уште еден креативен блесок на детската ликовна фантазија при навракањето на народните вредности. Вековното творештво на народниот гениј отсекогаш било и ќе биде темел и инспирација за создавање на нови вредности на материјалното и духовно богаство.
-
Свет 17.05.2017 10:35
Трамп- Ердоган: Силни односи меѓу САД и Турција за поголема стабилност
Поголема соработка во борбата против тероризмот, стабилизација на Сирија и враќање на бегалците било договорено на средбата меѓу американскиот и турскиот претседател Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа.
-
Свет 17.05.2017 10:27
Генерален штрајк во Грција
Грција е речиси целосно блокирана поради 24- часовниот генерален штрајк што го организираат синдикатите во знак на протест поради новите мерки за штедење што ги договори грчката Влада со кредиторите како услов за исплата на нова транша од помошта за земјата.
-
Економија 17.05.2017 10:24
Зголемен интересот на земјоделците за средствата од ИПАРД 2
Наместо досегашните 50 односно 55 проценти, стапката на кофинансирање во првата мерка за инвестиции во земјоделските стопанства, може да се зголеми и до 70 отсто во планинските подрачјата со ограничени можности.
-
Македонија 16.05.2017 16:47
МЛС: Инспекторатот за локална самоуправа нема надлежност да толкува закони
Инспекторатот за локална самоуправа нема надлежност да дава автентично толкување на законите, меѓу кои и на Законот за локалната самоуправа, наведуваат од Министерството за локална самоуправа во реакција на денешното соопштение од Државниот инспекторат за локална самоуправа.
-
Свет 16.05.2017 16:31
Во Женева почнува новиот круг мировни преговори за Сирија
Во Женева денеска почнува нов круг мировни преговори за Сирија, чија мисија е да се стави крај на шестгодишната граѓанска војна во земјата, во која досега загинаа над 320.000 лица. Досега беа одржани пет средби под покровителство на ОН, на кои се разговараше за прекин на огнот во Сирија и кои за
-
Македонија 16.05.2017 16:23
Најмногу пријави за психичко семејно насилство
Лани најмногу пријави имало за психичко семејно насилство, потоа за физичко, економско, сексуално. По околу 1.000 лица годишно во изминатите три години се јавиле на СОС линијата 15-315 да пријават насилство во домот.










