Програмите за ИПА 2 фондовите на ЕУ се прават врз научените лекции од првата ИПА, кога поради недоволните капацитети од над 600 милиони евра беа искористени само 40 проценти.
Вести
-
Македонија 16.05.2017 15:53
-
Македонија 16.05.2017 15:44
Одложена седницата на Советот на јавни обвинители
Советот на јавни обвинители по вторпат ја одложи седницата за распишување на оглас за избор на шеф на скопското обвинителство, откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска. Беше решено седницата да се одржи на 25-ти мај.
-
Свет 16.05.2017 15:28
Јилдирим: Германија да избере меѓу Анкара и пучистите
Турскиот премиер Бинали Јилдирим побара од владата во Берлин да избере меѓу сојузништво и добри односи со Анкара и поддршка за „пучистите“ на кои Германија им даде политички азил.
-
Македонија 16.05.2017 15:01
Градоначалниците имаат техничка функција, мандатот на советниците истече
Државниот инспекторат за локална самоуправа преку соопштение појаснува дека мандатот на советниците на општините е истечен на 24-ти март и сите одлуки донесени од советите, вкупно 680, инсекторатот ги поништил и ставени се вон сила.
-
Македонија 16.05.2017 14:44
МПЦ-ОА апелира на одговорно однесување и почитување на правниот поредок
Македонската православна црква- Охридска архиеписокопија изразува загриженост за состојбите во државата и упати апел до верниците и до сите граѓани за меѓусебно помирување, а до одговорните лица и институциите, апел за почитување на правниот поредок.
-
Македонија 16.05.2017 14:40
Вангеловски: Судовите во 2016-та работеле ажурно, детектирани одредени слабости
Судовите во државава работеле ажурно минатата година. Целосно го совладале приливот на новите предмети и го намалиле заостатокот на предмети од претходните години, оцени првиот човек на Врховен, Јово Вангеловски.
-
Македонија 16.05.2017 14:31
Улогата на Глигоров во етаблирање на Македонија
Промените во македонското општество ја налагаат потребата за враќање на принципите според кои се раководеше првиот претседател на Македонија, свртување на земјата кон евроатланските принципи, вредностите на западната цивилизација, подобрување на односите со соседите, беше речено на научната конфе
-
Свет 16.05.2017 14:19
Во Женева почнува новиот круг мировни преговори за Сирија
Во Женева денеска почнува нов круг мировни преговори за Сирија, чија мисија е да се стави крај на шестгодишната граѓанска војна во земјата, во која досега загинаа над 320.000 лица.
-
Култура 16.05.2017 14:13
Лани зголемен бројот на кинопретстави
Во Македонија минатата година во 14 кина биле прикажани 985 филмови и 16.295 кинопретстави во кои имало 441.017 посетители, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во 2016 година, во споредба со 2015 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 9,7 проценти.
-
Македонија 16.05.2017 13:08
Одложена седницата за избор на прв човек на скопското обвинителство
Советот на јавни обвинители по вторпат ја одложува седницата за распишување оглас за избор на прв човек на скопското обвинителство, откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска.










