Турската полиција привела повеќе од 1.000 луѓе во врска со движењето на Фетулах Ѓулен во операции спроведени во 81 провинција низ државата.
Вести
-
Свет 26.04.2017 13:08
-
Македонија 26.04.2017 12:52
Иванов: Ако не се отстратант пречките, нема мандат
Сѐ додека не бидат отстранети правната и политичката пречка не можам да го доделам мандатот за составување на владата, вели претседателот Ѓорге Иванов во интервју за Унгарската државна телевизија МТВА.
-
Свет 26.04.2017 12:02
Две лица загинаа по судар на бродови во Хрватска
Две лица загинаа, а по пет се трага, откако се судрија службен брод на Пристанишната капетанија Дубровник и гумен чамец. Спасени се две лица со полесни телесни повреди.
-
Македонија 26.04.2017 11:56
За празничниот викенд топло со повремен дожд
До крајот на работната недела температурите ќе бидат во пораст, а од сабота ќе има зголемена облачност преку целиот ден. До вторник во попладневните и вечерните часови ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи.
-
Култура 26.04.2017 11:52
Гала концерт по повод 70 години Македонска опера
Македонската опера и балет по повод 70-годишнината од Македонската опера ќе одржи гала концерт на кој ќе учествуваат сите првенци, солисти и оркестарот и хорот на МОБ.
-
Македонија 26.04.2017 11:45
Понеделник 1-ви мај неработен ден за сите граѓани
Денот на трудот 1-ви мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честитаат празикот.
-
Свет 26.04.2017 11:38
Новиот директор на американската Тајна служба е поранешен маринец
Пензионираниот генерал-мајор на маринците Рендолф Алес е новиот директор на американската Тајна служба. Функцијата ја наследи од Џозеф Кленси кој му остава недовршени прашања околу безбедноста и персоналот.
-
Македонија 26.04.2017 11:26
Почна пријавувањето на штетите на земјоделците од пролетниот мраз
Од денеска до 10 следниот месец земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штети од доцните пролетни мразови настанати на 21 и 22 овој месец.
Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
-
Свет 26.04.2017 11:17
Ердоган: Турција може да ја преиспита својата позиција за членство во ЕУ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Анкара може да ја преиспита својата позиција за приклучувањето кон Европската Унија поради предолгиот период на чекање и влошените односи со некои држави од заедницата.
-
Свет 26.04.2017 10:48
Пропадна мисијата на Мекалистер и Фленкенштајн за политичката криза во Албанија
Европските пратеници Кнут Флекенштајн и Дејвид Мекалистер не ги убедија власта и опозицијата во Албанија да ги надминат несогласувањата преку дијалог.










