Студентите на ФИНКИ и ФЕИТ на Саемот за вработување гледаат можност за остварување контакт со компании кои се заинтересирани да им понудат практика за да стекнат повеќе технички знаења надвор од студиските програми на факултетите.
Вести
-
Економија 19.04.2017 16:17
-
Македонија 19.04.2017 16:06
Иванов: Без отстранување правни пречки нема мандат
Нема мандат додека не се отстранат правните и политички пречки. Претседателот Иванов вели- не чувствувам одговорност за кризата бидејќи го почитувам Уставот и праксата од ’92-рата година. Надвор од тоа, според шефот на државата, која било донесена одлука води кон прашање за моја одговорност.
-
Македонија 19.04.2017 16:01
Продолжи конститутивната собраниска седница
Веќе е депласирано да се манипулира со прашањето има или не Тиранска платформа кога таа постои и беше прочитана во Собранието, посочија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во дебатата на продолжението од конститутивната седница.
-
Македонија 19.04.2017 15:14
Опаѓа процентот на вакцинирани деца од морбили
Додека во западно-европските земји малите сипаници добиваат епидемиски размери, во Македонија опаѓа бројот на вакцинирани деца против морбили. За само две години процентот е намален за 6 насто.
-
Економија 19.04.2017 15:07
Експерти: Сериозни се последиците од политичките случувања врз економијата
Раст од 3,2 процента на македонската економија годинава и 3,4 во 2018-та. Меѓународниот монетарен фонд ги објави новите, пролетни проекции. За земјава се нешто пониски во однос на оние од октомври.
-
Македонија 19.04.2017 15:01
Иванов: Нема мандат додека не се отстранат правните и политичките пречки
Мандатот за формирање влада нема да биде врачен сѐ додека не бидат отстранети правните и политичките пречки- изјави претседателот Иванов по средбата со претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина, Иваниќ.
-
Македонија 19.04.2017 14:59
Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија
Република Македонија мора да ги продолжи демократските процеси со што ќе се осигура стабилната иднина за граѓаните. Лидерот на СДСМ, Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Кралството Шведска и на Кралството Холандија.
-
Македонија 19.04.2017 14:51
Уште три лица осомничени за грабежот во НЛБ Банка
Уште тројца помагале за да се изнесат милионите од НЛБ Банка. Заработија кривична пријава. Меѓу нив братот на первопријавениот, кој беше вработен во трезорот, другиот, негов пријател и третата е банкарски комерцијалист во истата банка.
-
Македонија 19.04.2017 14:35
Момче од Кавадарци загина во сообраќајка на влез на Велес
23- годишно момче од Кавадарци загина изутрината во тешка сообраќајна несреќа на влезот од Велес. Од засега непознати причини, камионот што го возел се извртел на патот, а кабината сопрела на работ од провалијата.
-
Македонија 19.04.2017 13:39
Метео: Променливо облачно и постудено време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со локални послаби врнежи од дожд, на планините ќе провејува слаб снег.
Ќе дува и засилен ветер од западен и северозападен правец кој на места ќе надминува брзина од 90 километри на час.










