Експлозија на бомба доцна вчера вечер го потресе центарот на Атина. Триесет и пет минути пред експлозијата што се случи пред објект на Евробанка, грчка телевизиска станица добила анонимен повик со предупредување.
Вести
-
Свет 20.04.2017 16:31
-
Македонија 20.04.2017 16:29
Ново продолжение на конститутивната седница
Не е демократија ако се прават отстапки од сопствените национални интереси, кои самите ако не ги почитуваме, вредноста и кај останатите станува ниск- сметаат пратениците од Коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ.
-
Македонија 20.04.2017 15:53
Кина помага за модернизација на образованието
Интерактивни табли, систем за е- учење, печатачи, лаптопи, уреди за мрежно поврзување. 27 средни скопски училишта добија опрема од кинеската Влада со која се модернизира и осовременува македонскиот образовен систем.
-
Култура 20.04.2017 15:30
Филмот „Ах, љубов моја“ премиерно на Скопскиот филмски фестивал
Љубов гледана од хумористичен аспект. „Ах, љубов моја“- приказна за позната поп пејачка која после турнеја низ турција и емотивни проблеми предизвикани од раскинување на долгогодишна љубовна врска, сака да се одмори.
-
Економија 20.04.2017 15:04
Турски компании бараат деловни партнери во Македонија
Политичката криза не е пречка, нема да влијае на одлуката бизнисот и деловната соработка да се развиваат- турски бизнисмени од Измир бараат партнери во информатичките технологии и здравствениот сектор. Заинтересирани се за инвестиции во Македонија. Таргет, заедничкото учество на трети пазари.
-
Македонија 20.04.2017 14:56
Протест на родителите на децата со специјални потреби
Отворање дневни центри, стручен кадар кој ќе помогне во грижата за децата со посебни потреби, квалитетна терапија- се само дел од проблемите со кои се соочуваат овие луѓе. Во разговорот со министерот за труд и социјална политика посочија дека дел од нивните барања можат да бидат брзо решени.
-
Свет 20.04.2017 14:34
Снежно невреме: Априлскиот снег ги изненади Европејците
Априлскиот снег непријатно ги изненади Европејците. Најголем проблем настана во сообраќајот поради блокадите и застоите, но и домаќинствата се соочуваат со последиците од неочекуваниот снег во овој период од годината кој предизвика прекин на снабдувањето со струја и со вода.
-
Македонија 20.04.2017 14:08
Обука и натпревар за 3Д дизајнери
За изработка на филмови, реклами, видеоигри, секаде каде што е потребна визуелизација се потребни и 3Д дизајнери. На Македонија и недостигаат околу 2.000, велат познавачите. За таа цел од 22-ри април до 4-ти мај ќе има обука и сертифицирање на овој кадар.
-
Свет 20.04.2017 14:01
Нигерија: 745 жртви во епидемија на менингитис
Епидемијата на менингитис во Нигерија усмрти 745 луѓе. По изминатите пет месеци во земјата биле пријавени повеќе од 8.000 случаи на таа заразна болест, а 93 насто од нив биле регистрирани во пет северни држави.
-
Свет 20.04.2017 13:54
Франција: Претседателски избори од кои зависи иднината на ЕУ
Французите в недела ќе гласаат на претседателски избори, кои можат да ја одредат иднината на Европската унија. Според предизборните анкети, барем четворица кандидати имаат сериозни шанси да се пласираат во вториот круг на 7-ми мај.










