Вести

  • Македонија 18.04.2017 10:20

    Продолжуваат протестните маршеви низ Македонија

    Речиси два месеца траат протестните маршеви на иницијативата „За заедничка Македонија“. Низ повеќе градови во земјава се бара зачувување на уставниот унитарен карактер на државата.

  • Свет 18.04.2017 10:11

    Протести против резултатите од референдумот во Турција

    Резултатите од референдумот во Турција предизвикаа протести во Истанбул, Анкара и Измир. 51,4% од народот прифати воведување на претседателски систем со кој се зголемуваат овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Нема информации за судири и инциденти за време на собирите.

  • Македонија 18.04.2017 10:07

    Билт во посета на Македонија

    Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт на социјалните мрежи ја најави својата денешна посета на земјава. Според Билт, крајот на уставната криза не е на повидок. Ситуацијата е тешка, наведува Билт, поранешен европски пратеник за Балканот.

  • Македонија 18.04.2017 10:05

    Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

    Меѓународен ден на заштита на спомениците и локалитетите, претставен преку одржливиот туризам и културното наследство. Меѓународниот комитет, ИКОМОС, сака да поттикне локалните заедници да преземат поголема грижа за заштитата и конзервацијата.

  • Македонија 18.04.2017 09:58

    Одложена седницата на Врховниот суд

    Врховниот суд на Македонија требаше да одржи седница. Оттаму велат дека седницата се одлага за некој од наредните денови.

  • Економија 18.04.2017 09:54

    Наскоро ИПАРД 2 оглас

    Наместо досегашните 50 односно 55 проценти, стапката на кофинансирање во првата мерка за инвестиции во земјоделските стопанства, може да се зголеми и до 70 отсто во подрачјата со ограничени можности.

  • Македонија 18.04.2017 07:45

    Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница

    По петдневна пауза, Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Почетокот на 13-тото продолжение на седницата е закажано во 11 часот. 

  • Македонија 17.04.2017 15:15

    УХМР најави нов влажен и студен воздушен бран од среда

    Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, која ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во северозападните, северните и ис

  • Македонија 17.04.2017 14:33

    Делегација на АРМ во работна посета на Вермонт

    Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ја предводи делегацијата на АРМ, која во следните неколку дена во рамки на партнерската програма за соработка ќе оствари работна посета на сојузната држава на САД-Вермонт.

  • Македонија 17.04.2017 13:59

    Карл Билт во посета на Скопје

    Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт на својот Tвитер профил објави дека денеска доаѓа во посета на Скопје.

Pages