Под влијание на нов влажен бран утре времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, информира УХМР. Попладне во источните делови, врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Вести
-
Македонија 18.04.2017 12:33
-
Македонија 18.04.2017 12:26
Запленети седум килограми хероин на ГП „Богородица“
Седум килограми хероин заплениле царинските службеници изминатиот викенд, во саботата, при контрола на патничко возило на граничниот премиен Богородица. Хероинот бил набавен во Истанбул, а требало да биде пренесен во Нози Пазар.
-
Свет 18.04.2017 12:18
„Епл“ создава уред за мерење на шеќерот во крвта со неинвазивен метод
Според Си-Ен-Би-Ес, компанијата „Епл“ со години во тајност развивала нова технологија за мерење на шеќерот во крвта на неинвазивен начин. Тим од биомедицински инженери создал сензори кои преку контакт со кожата го следат нивото на глукозата.
-
Македонија 18.04.2017 12:16
Сообраќајна несреќа меѓу локомотива и автомобил на пругата Гостивар- Тетово
Сообраќајна несреќа меѓу локомотива и автомобил, вчера попладне се случила на железничката пруга Гостивар- Тетово, на влезот во Гостивар.
Со телесни повреди се здобил 20-годишен тетовец кој го управувал автомобилот. По укажана лекарска помош бил пуштен дома.
-
Економија 18.04.2017 12:13
Дизелот поскапува за 2, бензините за 2,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати во просек да бидат зголемени за 4,58 насто. Безоловните бензини Еуросупер БС-95 и БС-98 поскапуваат за 2,5 денари и литар ќе се продава за 67,50 односно 69,50 денари.
-
Свет 18.04.2017 11:15
Северна Кореја: Ќе продолжиме со ракетните проби на неделно ниво
Севернокорејските власти предупредија дека секоја недела ќе вршат ракетни проби и покрај осудата на меѓународната заедница и зголемувањето на воената тензија со САД.
-
Македонија 18.04.2017 10:56
На „Ало докторе“ 1.375 повици за една недела
На телефонската линија „Ало докторе“ минатата недела медицински совет побарале 1.375 граѓани. Од 15-ти септември 2014-та година, од кога започна со работа линијата, до вчера имало вкупно 149.692 повици.
-
Македонија 18.04.2017 10:51
Манастирите и лековитите води магнет за верниците
Комплексот од девет манастири изградени уште од десетиот век во скопското село Говрлево го пленат здивот. Вратите се ширум отворени за верниците кои сакаат да се помолат и да побараат мир. Свети Трифун, Свети Петар и Павле, Света Недела слават на денот кога местото е преполно со народ.
-
Економија 18.04.2017 10:33
Земјоделско- прехранбен сектор: Извозот лани зголемен за 9%
Бројките покажуваат дека лани домашниот земјоделско- прехранбен сектор на странските пазари пласирал производи вредни 530 милиони евра, што е за 9% повеќе во однос на претходната година.
-
Македонија 18.04.2017 10:20
Продолжуваат протестните маршеви низ Македонија
Речиси два месеца траат протестните маршеви на иницијативата „За заедничка Македонија“. Низ повеќе градови во земјава се бара зачувување на уставниот унитарен карактер на државата.









