Нова службена униформа за офицерите и подофицерите во АРМ. Содржи дваесет парчиња. Презентирана на дефиле. Во зависност од пригодата, униформата е поделена во класа А, за свечени приеми и класа Б. На дизајнот се работело три години. Изготвена е во македонска фабрика од Тетово.
Вести
-
Македонија 24.02.2017 15:55
-
Економија 24.02.2017 15:42
Отворен саемот за традиционална храна и активен туризам
Крушевски локум, органски велешки мед, вина од мали тиквешки винарии, традиционални зачини може да се вкусат на Саемот за храна и активен туризам. Има интерес за органските производи, велат производителите. Цените се повисоки од оние на комерцијалните.
-
Македонија 24.02.2017 15:36
Иновативните лекови- надеж за пациентите со ретки болести
Животот на пациентите и семејствата со ретки болести е исполнет со многу предизвици и проблеми. Дури и на глобално ниво иновативните лекови се нивната единствена надеж. Регистрирани се околу 8.000 вакви болести, но за жал за многу од нив сѐ уште се трага по адекватни лекарства.
-
Свет 24.02.2017 15:24
Турција гради складиште за бегалци на границата со Сирија
Турција гради скалдиште за помош на сириските бегалци на границата со оваа земја. Објектот зафаќа површина од 66.266 квадратни метри и во него ќе се чуваат храна и други неопходни производи за околу 530 илјади бегалци.
-
Економија 24.02.2017 15:02
Станбените згради и парцели во 3Д катастарски приказ
Станбените згради и парцели ќе добијат тродимензионален приказ во катастарскиот систем. Се воведува и висина при премерот на објектите. Новата визуелизација ќе овозможи реална слика, до каде се права врз недвижноста на сопствениците не само по површина туку и по висина и длабочина под земјата.
-
Економија 24.02.2017 14:56
Сточарите бараат повисока цена на јагнето, работат со загуба
Сточарите бараат повисока цена на јагнето, кое сега се продава за 120 денари. Велат, на нивниот бизнис му се заканува колапс, работат со загуба. Според нив, економска логика ќе имаат ако откупната цена е 160 денари за килограм. Побараа владата да ја субвенционира разликата.
-
Македонија 24.02.2017 14:50
Иванов: Јавно да се осуди мешањето во внатрешните работи од соседите
Не е изразена јавна осуда за мешањето од некои соседни земји во внатрешните работи на Република Македонија.
-
Македонија 24.02.2017 14:48
Метео: За викендот облачно и врнежливо
Првиот ден од викендот ќе ни донесе претежно облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини особено во северозападните делови од Македонија.
-
Македонија 24.02.2017 14:40
Одложено судењето за мобинг против Панчевски
Рочиштето за мобинг против екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски се одложи повторно. Одбраната на тужителот, поранешниот раководител на Одделението за човечки ресурси, Горан Стаменковски побара време за да го разгледа одговорот на тужбата што го добија пред самото судење.
-
Македонија 24.02.2017 14:28
Машки труп изваден од Вардар
Од водите на Вардар, кај Долно Лисиче вчера е изваден машки труп.
Полицијата вчера во 15 и 10 минути е информирана дека е пронајден машки труп. Со специјално возило лешот бил изваден од водата. Идентитетот не е утврден, а со наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.










