Движете се по тротоарот секогаш кога е можно, а ако не е, користете го крајниот лев раб од коловозот и следете ги возилата кои ви доаѓаат од спротивната страна.
Вести
-
Македонија 11.01.2017 13:09
-
Македонија 11.01.2017 13:05
Стартува ракометниот мундијал: Македонското знаме на Триумфалната порта во Париз
Почнува ракометниот мундијал во Франција. Македонската машка репрезентација по петти пат е на светските првенства. Македонското знаме вчера беше на Триумфалната порта, каде што домаќинот во центарот на Париз ги претстави учесниците на шампионатот.
-
Свет 11.01.2017 12:58
Европски парламент: На 17-ти јануари избор на нов претседател
Откако местото прв човек на Европарламентот остана испразнето по оставката на досегашниот претседател, Мартин Шулц, на 24-ти ноември изборот на негов наследник се очекува на 17-ти јануари.
-
Економија 11.01.2017 12:34
Светска банка: Раст на БДП од 3,3% во 2017-та
Светската банка во извештајот „Глобалните економски перспективи“ за Македонија, годинава прогнозира раст на БДП од 3,3% што е намалување за 0,7 процентини поени во однос на јунските предвидувања на аналитичарите од Вашингтон.
-
Свет 11.01.2017 11:57
Атина блокирана од снег, состојбата со мигрантите критична
Почетокот на новата 2017-та година донесе невообичаени временски услови во грчката престолнина. Сликата на Атина под снежна обвивка по целовечерните врнежи од снег не е видена во последната декада.
-
Македонија 11.01.2017 11:48
70 камиони заглавени на Евзони, Грција не дозволува влез поради лошите временски услови
Околу 70 товарни возила чекаат влез во Грција на преминот Евзони. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска не им е дозволено да ја преминат границата, соопштува МВР.
-
Македонија 11.01.2017 11:41
Пунктот во Момин Поток отворен 24 часа до завршување на студениот бран
Пунктот за бездомни лица во Момин Поток ќе биде отворен 24 часа до завршување на стидениот бран, за прифаќање на лицата кои имаат потреба да бидат згрижени во деновите кога температурите паѓаат под нулата.
-
Македонија 11.01.2017 11:39
Забрана за камиони на Плетвар
Воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Плетвар, информира Автомотосојузот на Македонија.
Забраната е воведена во 10:30 часот.
-
Македонија 11.01.2017 10:52
Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово
Најстуден град ноќеска во земјава беше Битола со минус 22 степена. Во Тетово и во Маврово минус 20, во Скопје минус 14, студено беше дури и во Дојран и во Гевгелија со минус 7 целзиусови.
-
Македонија 11.01.2017 10:49
Сообраќајот во зимски услови, забрана за камиони на неколку патни правци
Укината е забраната за тешки товарни возила во близината на Дојран, со што, за нив е овозможен сообраќајот кон граничниот премин со Грција.
Забрани за движење на тешки товарни возила, и натаму се во сила на потезите Маврово-Дебар, Кочани-Делчево и Берово-Кочани.










