Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци, Анастасијадис и Акинџи посветени на напорите за обединување на Кипар, завршија доцна синоќа без никаков договор.
Единствено е решено да продолжат на 18 јануари, но на ниво на експерти.
Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци, Анастасијадис и Акинџи посветени на напорите за обединување на Кипар, завршија доцна синоќа без никаков договор.
Единствено е решено да продолжат на 18 јануари, но на ниво на експерти.
Денеска се одржува главната манифестација на карневалот во Вевчани. Маските и овојпат ќе ја покажат целата сатира, што ги отсликува случува случувањата во земјава и во светот.
Доверба во градежништвото во четвртото тримесечје од 2016 година е зголемена за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година, оценуваат раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото.
За пет отсто е зголемен бројот на туристите во Македонија, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-ноември 2016 година во однос на истиот период во 2015-та, кај домашните туристи бројката е зголемена за 5,3, а кај странските за 4,8 проценти.
АМСМ известува дека од вчеравечер бил блокиран патот Ресен-Битола кај месноста Баир. Целосно е нормализиран сообраќајот на потегот Валандово- Дојран.
Македонски железници - Транспорт денеска преку соопштение информира дека вложува максимални напори за нормално одвивање на железничниот сообраќај во услови на екстремно ниски температури.
Турското големо Народно Собрание ги оодбри клучните амандмани на Уставот, со кои на претседателот на државата му се овозможува да владее по пат на декрети и да биде член на политичка партија.
Бизнисменот Рекс Тилерсон не успеа да убеди неколку сенатори Републиканци дека е најдобрата личност за нов државен секретар, така што неговото наименување е неизвесно.
Во Македонија утрово најниска температура е измерена во Струмица -17 степени. Следат -16 во Битола и Скопје Петровец, -15 во Куманово, Д. Капија и во Берово, -14 Штип, -12 Скопје, -11 Прилеп, -10 Виница, -9 Гевгелија, Кр.
Продолжување на распустот за учениците до 23 јануари, секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот градски превоз во Скопје, но и во другите градови, како и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие се новите мерки кои имаат за цел да го намалат ширењето на грипо