Фондот ќе овозможи лековите „Клексан“ и „Фраксипарин“ да бидат на рецепт, тримесечна терапија за хронично болни лица, апликација на мобилен телефон преку која ќе може да се лоцира најблиската отворена аптека. Ова се проектите кои се приоритет за оваа година на Фондот за здравствено осигурување.
Вести
-
Македонија 10.01.2017 16:07
-
Свет 10.01.2017 15:59
Почина поранешниот претседател на Германија, Роман Херцог
Поранешниот германски претседател Роман Херцог почина денеска на 82 години. Херцог во 90-тите години на минатиот век инсистираше Германија да спроведе економски реформи, но исто така истакнуваше колку е значајно да не се заборави холокаустот.
-
Македонија 10.01.2017 15:51
По 80 години старата градска болница ќе добие нов лик
Во тек е реконструкцијата на стара Градска болница „Свети Наум Охридски“. Оваа инвестиција е во вредност од 2 милиони евра и претставува дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра.
-
Македонија 10.01.2017 15:43
Прилеп: Одбележани 120 години од раѓање на Шарло
Прилеп одбележа 120 години од раѓањето на македонскиот деец Методија Шаторов Шарло.
-
Економија 10.01.2017 15:31
Расте интересот за патување во зимските центри
Ѕвонат телефоните во туристичките агенции, расте интересот за патување во зимските центри. Оние кои не ги искористија раните резервации и попусти, се интересираат за понудите кои излегуваат во последен момент. Традиционално, македонците одат на скијање во соседството.
-
Култура 10.01.2017 15:09
„Заборавени песни“- концерт на Македонската опера и балет за Василица
Македонските народни песни со призвук на џез, вака ќе звучи традиционалниот василичарски концерт насловен „Заборавени песни“. Ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска, а во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет.
-
Економија 10.01.2017 14:59
Четири нови електрични локомотиви за Македонски железници- Транспорт
До крајот на декември годинава Македонски железници- Транспорт ќе ја добијат првата од четирите нови електролокомотиви, што ќе ги испорача кинеската компанија ЦРРЦ Џуџоу.
-
Македонија 10.01.2017 14:48
Груевски на средба со лидерите од коалицијата „За подобра Македонија“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.
Груевски вчера го прими мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов.
-
Свет 10.01.2017 14:40
Во Анкара протести поради уставните измени
Турскиот парламент вчера ја почна расправата за уставните промени со кои би се прошириле овластувањата на шефот на државата, Реџеп Тајип Ердоган. Предлогот кој е жестоко критикуван од опозицијата би му овозможил на Ердоган да остане на власт до 2029 година.
-
Македонија 10.01.2017 13:33
Продолжува чистењето на снегот од градските булевари и улици
Продолжуваат активностите на екипите на зимската служба на Град Скопје кои интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари.









