Вести

  • Македонија 16.12.2016 21:12

    ДИК утре ќе го разгледува последниот приговор на СДСМ

    Државната изборна комисија (ДИК), како што најави претседателот Александар Чичаковски, утре во 11 часот ќе ја продолжи седницата на која треба да биде разгледан и да се одлучува за последниот  приговор на Коалицијата предводена од СДСМ.

  • Македонија 16.12.2016 15:45

    ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ

    Државната изборна комисија попладнево ја продолжи седницата за приговорите со разгледување на поднесокот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 1978 во Тетово. Приговорот по расправата беше отфлен со два гласа за и седум против.

  • Македонија 16.12.2016 15:36

    Рочиште за случувањата пред Општина Центар, судот ги одби доказите на СЈО

    Судијката Татјана Михајлова го отфрли барањето на Специјалното обвинителство да сведочи загрозен сведок во судскиот случај против експремиерот Груевски и ексминистерот Јанакиески за насилството во Општина Центар.

  • Свет 16.12.2016 15:27

    Состојбата во Алепо е неизвесна

    Сириската влада ја запре евакуацијата во источно Алепо, обвинувајќи ги бунтовниците за непочитување на договорот. Според Русија, која ја поддржува армијата на Претседателот Асад, завршена е операцијата за отстранување на бунтовниците.

  • Свет 16.12.2016 15:17

    Обама вети одмазда за руските хакерски напади

    Соединетите Американски Држави ќе се одмаздат за руските хакерски напади во предизборниот период, изјави претседателот во заминување Барак Обама.

  • Македонија 16.12.2016 15:09

    ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните го бранат правото на глас

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека синоќешниот протест бил достоинствен и патриотски. Според партиското соопштение, СДСМ имаше можност да види како изгледа кога граѓаните демократски, на протест, го бранат правото на глас и одлучувањето за својата иднина.

  • Македонија 16.12.2016 15:07

    СДСМ: Да не се подлегнува на провокациите

    Институциите на системот мора да се справат со говорот на омраза и со повиците за линч кон се што е демократско во Македонија- реакција на СДСМ по синоќешниот протест на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК.

  • Економија 16.12.2016 14:50

    „Струмица табак“ нема бонитет, но тутунот ќе се откупи

    „Струмица табак“ ги загуби роковите за откуп на тутун. До законскиот рок, 15-ти декември, оваа компанија ниту ги отвори пунктовите за откуп на договорените 2.300 тони, ниту достави бонитет дека ќе го плати родот.

  • Македонија 16.12.2016 14:40

    Претставени кумот и здравичарот за Бадник 2017

    Традицијата продолжува. Скопките бадникари по 25-ти пат ја најавија бадникарската прослава. Годинава кум е бизнисменот Радко Манов, а здравичар фудбалерот Љубиша Николиќ.

  • Македонија 16.12.2016 14:33

    ДИК ја продолжи седницата за приговорите

    Државната изборна комисија попладнево ја продолжи седницата за разгледување на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори. ДИК треба да се произнесе за преостанатите приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ.

Pages