На днешен ден пред 71 година Телевизија Скопје ги емитуваше првите вести на македонски јазик.
Вести
-
Македонија 14.12.2016 17:09
-
Македонија 14.12.2016 16:13
МНР на Русија: Да се почитува волјата на гласачите
Руското Министерство за надворешни работи испрати соопштение во кое констатира дека предвремените парламентарни избори во Македонија се одржале во фер и демократска атмосфера без битни повреди на универзално прифатените стандарди и покрај напнатата политичка ситуација.
-
Свет 14.12.2016 16:01
Сирија: Нови напади во Алепо, одложена евакуацијата
Повеќе цивили се убиени и ранети во воздушните и ракетни напади на силите на претседателот Асад и руската војска на последните делови на источно Алепо кои се под контрола на опозицијата.
-
Македонија 14.12.2016 15:32
Поголема заштита за децата- бегалци
Најпогодени од ужасите на војната беа децата, а институциите во повеќето земји биле затечени и неподготвени за справувањето со бегалската криза, заклучок на народните правобранители на Југоисточна Европа.
-
Македонија 14.12.2016 15:20
Европски искуства во управување со отпадот
Зголеменото креирање отпад, го зголемува и загадувањето на животната средина Управувањето со отпадoт и неговото спроведување бара големи финансиски средства. Административните капацитети во земјава не се доволни за тоа да биде ефикасано, велат европските претставници.
-
Култура 14.12.2016 15:17
„Доктор Фауст“- последна премиера за годинава на Битолскиот Народен Театар
Со утрешната премиера „Доктор Фауст“, во режија на Андраш Урбан, битолскиот театар ја финишира исклучително успешната година.
-
Економија 14.12.2016 15:08
НБРМ ја намали рефернтната каматна стапка на 3,75%
Народна банка ја симна референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени и таа сега изнесува 3,75 насто. Истовремено вчера била донесена и одлука за зголемување на понудата на благајнички записи за денешната аукција за милијарда денари, односно за над 16 милиони евра.
-
Свет 14.12.2016 15:02
Лавров „крена раце“ од САД
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека последните разговори со САД околу ситуацијата во Сирија не вродиле со плод.
-
Економија 14.12.2016 14:55
Во оптек нови банкноти од 200 и 2.000 денари
Новите книжни пари од 200 и 2.000 денари се пуштени во оптек. Во историјата заминаа банкнотите од 5.000 денари, кои многу ретко се употребуваа, нивната примена во секојдневните трансакции беше незначителна. Од Народна банка со став- со новите пари се очекува урамнотежување на побарувачката.
-
Македонија 14.12.2016 14:50
До ДИК поднесени 16 приговори за изборите
Пред членовите на ДИК се 16 приговори за изборниот процес за кој треба да донесат одлука дали ќе ги уважат или отфрлат. Рокот за одговор истекува в четврток на полноќ. Осум приговори од Социјал- демократскиот сојуз и исто толку од БЕСА се однесуваат на втората и шесттата изборна единица.









