Вести

  • Свет 19.12.2016 20:18

    Руско МНР: Убиството на рускиот амбасадор е терористички акт

    Русија го оценува убиството на својот амбасадор во Турција, Андреј Ганадиевич Карлов за терористички акт, а ова прашање ќе биде поставено пред Советот за безбедност на ОН, изјави Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

  • Македонија 19.12.2016 16:36

    Средба Ахмети- Бејли

    Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли. Од партијата информираат дека Ахмети ги истакнал важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и јазичната и економската еднаквост, реформите и владеењето на правото, како и евро-атлантската интеграција.

  • Македонија 19.12.2016 16:33

    И Брисел ги чека конечните резултати од изборите

    Прелиминарните резултати од изборите се забележани, се чекааат резултатите од жалбите до Управниот суд- ова е ставот на официјален Брисел за развојот на настаните во нашата држава.

  • Култура 19.12.2016 16:26

    ДПМ одбележа 95 години од раѓањето на Блаже Конески

    20 поети од различни генерации и Друштвото на писатели му оддадоа почит на големиот творец и научник, прв претседател на Македонската писателска асоцијација, чиј опус како поет, раскажувач, есеист, филолог и преведувач, остави длабоки траги во македонската национална и културна историја.

  • Свет 19.12.2016 16:09

    Полска во политичка криза

    Трет ден од латентниот политички конфликт во Полска. Опозицијата организира демонстрации пред полскиот Сејм, опозиционерите ги заземаат пратеничките клупи и на владејачката десноориентирана гарнитура. Се протестира и пред Уставниот суд.

  • Македонија 19.12.2016 15:59

    Да се зголеми учеството на младите во општествените процеси

    Во Македонија, Албанија, Србија и во Турција не се води статистичка евиденција за вклученост на младите во повеќе сфери во кои се активни. Невладиниот сектор укажува дека ова е важно за да се идентификуваат проблемите на оваа категорија граѓани.

  • Македонија 19.12.2016 15:48

    Управниот суд е на потег

    Пред советот од петмина управни судии на маса се петте тужби поднесени од политичките партии кои се незадоволни од решенијата на Државната изборна комисија. Четири тужби поднесе Социјал- демократскиот сојуз на Македонија, а една е од ВМРО-ДПМНЕ.

  • Македонија 19.12.2016 15:35

    Балканот со нова комуникациска стратегија кон ЕУ

    Да се оживее проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан, за да се зголеми поддршката за процесот кај членките преку подобрување на имиџот на Западниот Балкан.

  • Свет 19.12.2016 15:31

    Раселените лица од Алепо сместени во несоодветни услови за студено време

    Стотици раселени лица од Алепо се сместени во бегалскиот камп Џибрен во несоодветни услови за студено време. Досега заминале над 80.000 луѓе од градот поради офанзивата на владините сили врз источниот дел кој беше под контрола на бунтовниците.

  • Економија 19.12.2016 15:25

    Партнерство за подобра бизнис регулатива

    Три бизнис- заедници, со здружени сили, ќе го подобруваат економскиот амбиент што ќе овозможи раст и развој, пред сѐ на микро и малите претпријатија, и нивна подобра усогласеност со законската регулатива.

Pages