Вести

  • Македонија 01.11.2016 10:14

    Аграр: Нема штети од утринските мразеви

    Со 16 до18 степени на длабочина од 5 сантиметри каде што се наоѓа зрното температурата на почвата е поволна. Исто така има и доволни количества на влага во земјата и тоа во сите земјоделски региони.

  • Македонија 01.11.2016 10:11

    Случај „Пуч“: Нов обид за почеток на судењето

    Во скопскиот Кривичен суд нов обид за почеток на судењето за случајот „Пуч“, во кој како четвртообвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според најавите, во судот треба да се појави и Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

  • Економија 31.10.2016 17:02

    Автомобилска асоцијација за поефикасна соработка

    Странските инвеститори во автомобилскиот сектор и нивните добавувачи од Македонија заедно ќе ги промовираат интересите. За извозно ориентираните компании, зголемениот процент репроматеријали- заштеда, за домашните фирми, можност да зголемат учеството во извозот.

  • Македонија 31.10.2016 16:53

    Ременски: Спасов да се повлече од функцијата

    Министерката за труд и социјална политика Ременски побара оставка од дополнителниот заменик- министер Спасов, поради, како што рече, неодговорното однесување и злоупотребите кои ги направил, а се поврзани и со сообраќајката што ја предизвикал во саботата.

  • Македонија 31.10.2016 16:37

    Партиски натегања за фантомските гласачи

    Официјалните податоци на Државната изборна комисија, покажуваат, велат од ВМРО- ДПМНЕ, дека на избирачкиот список има 1.783.215 гласачи или 3.087 повеќе во однос на бројот на гласачи во 2014-та година. Според Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на партијата,  ова значи дека

  • Свет 31.10.2016 16:29

    Трамп ѝ се доближи на Клинтон

    Хилари Клинтон губи предност во изборната трка откако ФБИ ја обнови истрагата за нејзините и-мејлови. Претседателскиот кандидат на Демократите го обвини Доналд Трамп дека ја користи ситуацијата за да придобие гласачи.

  • Македонија 31.10.2016 16:14

    ЦИВИЛ: Ветувања и злоупотреби во предизборниот период

    Удвојување на минималната и просечнаа плата од 30.000 денари. Овие цифри се појавуваат во реториката пред изборите. За економските аналитичари ова се ветувања налик на сите досегашни. Потсетуваат дека вакви проекции се економски неиздржани, нереални.

  • Македонија 31.10.2016 16:08

    Македонија потпиша нова петгодишна стратегија со ОН

    Македонија и Светската меѓународна организација стратегиски се договорија околу областите на соработка во наредните пет години. Со Партнерството за одржлив развој-стратегија на ООН за Македонија се предвидува рамномерен развој неопходен за европската интеграција.

  • Економија 31.10.2016 16:00

    Објавени податоците за државниот и јавниот долг

    Министерството за финансии ги објави податоците за долгот на Македонија. Заклучно со третиот квартал од годинава, државниот изнесува 41,9 проценти од БДП, додека јавниот 50,6 проценти.

  • Македонија 31.10.2016 15:30

    Метео: Сончево со слаб ветер

    Сончевото време со слаб до умерен северен ветер продолжува и во текот на утрешниот ден.

    Утринската температура повторно на повеќе места ќе падне под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 17 степени.

    Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска

Pages