Американски претставници им кажале на турските колеги дека САД за неколку дена ќе одговорат на барањето на Турција за апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
Вести
-
Свет 28.09.2016 14:49
-
Македонија 28.09.2016 14:41
СЈО: Нова истрага „Трезор“ за економски криминал
Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага „Трезор“, прва за економски криминал. Осомничени се тројца на раководни позиции во УБК и едно лице во МВР за злоупотреба на службената положба и дека го оштетиле буџетот за над 860 илјади евра.
-
Македонија 28.09.2016 14:09
Метео: Сончево и стабилно
Утрешниот ден повторно ќе ни донесе сончево и стабилно време со слаб ветер од северен правец.
Дневната температура во југоисточните делови ќе достигне до 29 степени.
-
Македонија 28.09.2016 13:53
Доделени 20 стипендии „Борис Трајковски“
Дваесет македонски студенти ќе студираат на реномираниот „Сити Колеџ“ во Солун. Претседателот на републиката, Ѓорѓе Иванов по седми пат ги додели стипендиите кои го носат името на трагично загинатиот претседател „Борис Трајковски“.
-
Македонија 28.09.2016 13:17
Кај ГП „Богородица“ пронајдени торби со пушка, муниција и марихуана
Во меѓупросторот помеѓу Македонија и Грција, во близина на задниот дел на напуштениот Фри-шоп, вчера околу 15.00 часот полициски службеници од граничен премин „Богородица“ пронашле патна торба во која имало една автоматска пушка М70 АБ 2 и две празни рамки за муниција. -
Свет 28.09.2016 13:13
МХ-17 најверојатно бил соборен од ракета
Меѓународната криминална истрага за соборувањето на авионот МХ-17 најверојатно ќе покаже дека леталото било соборено од ракета БАК истрелана од територија во Источна Украина контролирана од сепаратистите.
-
Свет 28.09.2016 12:24
Сириските владини сили го заедоа центарот на Алепо
Сириските владини сили го зазеле центарот на Алепо којшто беше под контрола на бунтовниците. Продолжуваат пресметките во најголемиот сириски град и важен стратешки центар откако дел од градот зазедоа бунтовниците во 2012-та година.
-
Свет 28.09.2016 12:11
Либија со нова влада со обединети оружени сили
Во Либија ќе бидат формирани нова влада и обединети оружени сили, кои ќе ги вклучуваат силите под контрола на генерал Халифа Хафтар, кој ги раководи клучните нафтени наоѓалишта во земјата.
-
Македонија 28.09.2016 11:57
Повторно одложена комисиската расправа за Извештајот на СЈО
Во Собранието на Република Македонија и денеска беше откажано продолжението на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците поради неприсуството на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
-
Економија 28.09.2016 11:54
НБРМ: Законот не дозволува инвестирање во дигиталната валута „Onecoin“
Народната банка со предупредување до македонските граѓани кои инвестираат во дигиталната валута „Onecoin“. Купувањето, односно инвестирањето од страна на физички лица во дигитални валути, според регулативата на Mакедонија, не е дозволено.









