Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски денеска имаше прва протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Димитрис Јанакакис.
Вести
-
Македонија 23.09.2016 13:28
-
Свет 23.09.2016 13:13
Хуманитарни камиони влегоа во Сирија
Камиони со хуманитарна помош повторно влегоа во Сирија во време додека трае офанзивата на сириската војска во Алепо, првпат по смртоносниот напад на конвој на Обединетите народи од почетокот на неделава и откако пропаднаа сите дипломатски напори да се одржи примирјето.
-
Македонија 23.09.2016 12:35
Собранието прифати четири-предлог закони да се донесат по скратена постапка
Со 49 гласа „за“ Собранието на РМ го прифати предлогот на владата по скратена постапка да ги разгледа доставените 4 предлог закони.
-
Свет 23.09.2016 12:15
Тулса: Полицајка обвинета за убиство
Полицајката Бети Шелби која го застрела Афроамериканецот Теренс Крачер во Тулса е обвинета за убиство. Крачер беше на отворен пат со расипано возило, а офицерите интервенирале бидејќи мислеле дека носел оружје во рацете, што подоцна се докажа како невистина.
-
Македонија 23.09.2016 11:59
Метео: Сончево и стабилно за викендот
Викендот ќе ни донесе сончево и стабилно време со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури со тенденција за благо покачување.
-
Свет 23.09.2016 11:57
Хакери украле информации за 500 милиони корисници на „Јаху“
Американската интернет компанија „Јаху“ потврди дека хакери украле информации за 500 милиони нејзини корисници. Раководителите на третата по големина платформа за електронска пошта во САД, сметаат дека групата била поддржана од странска земја, но не прецизираат која.
-
Македонија 23.09.2016 11:46
Ципрас и Бан Ки мун разговарале и за името
Прашањето за името на Македонија била една од темите за кои разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и генералниот секретар на ОН Бан Ки мун. На средбата во Њујорк бил присутен и медијаторот Метју Нимиц.
-
Свет 23.09.2016 11:01
Додик и Путин не разговараа за референдумот за Република Српска
Претседателот на Република Српска Милорад Додик се сретна со рускиот колега Владимир Путин во рамките на редовните консултации на различни теми.
-
Свет 23.09.2016 10:58
Сириските сили почнаа офанзива против бунтовниците во источниот дел од Алепо
Сириските владини сили почнаа нова офанзива против бунтовниците во источниот дел на Алепо. Армијата ќе воспостави коридори, преку кои цивилите и бунтовници кои ќе сакаат да се предадат, ќе можат да го напуштат регионот под контрола на екстремистите.
-
Економија 23.09.2016 10:43
Кластерско здружување за поголем раст
Во изминатите 10 години во нашата држава се формирани 30 кластерски здруженија, што е значаен удел ако се знае дека на ниво на Европа има околу 2.500 стопански кластери.









