Оддавање почит и признанија – со низа настани се одбележува 13 Ноември. 81 година од ослободувањето на Скопје.
Ана Јосифоска известува.
Оддавање почит и признанија – со низа настани се одбележува 13 Ноември. 81 година од ослободувањето на Скопје.
Ана Јосифоска известува.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со остри критики кон власта – за влошената економска состојба, но и за, како што рече, скандалозните случувања со ИПАРД-програмата. Од друга страна, тој почна со обелоденување на имињата кои треба да бидат нови кадровски решенија во неговата партија.
ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ги почнаа консултациите за најавената владина реконструкција. Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебните обвинувања по скандалот со платежната агенција.
Викторија Милевска известува.
Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против осум лица, поранешни функционери и службеници во општина сарај и во град Скопје, како и надзорен инженер.
Ноќеска во 00:08 часот на ул. „Првомајска“ во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово ги лишија од слобода Т.П.(32) и Р.А.(28), двајцата од с. Миравци, гевгелиско, информираат од МВР.
Витраж со Тоше Проески и мотиви од неговата песна „Полско цвеќе“ се поставени на спомен обележјето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на Гумење во Крушево. Дар е на српскиот витражист, Драго Гањиќ.
Министерката за енергетика, Сања Божиновска, оствари работна средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт де Грут, кој ја надгледува активноста на банката во Западен Балкан, вклучително и Македонија.
По концертот во „Музикферајн“ во Виена, оркестарот на Македонската филхармонија се враќа на својата матична сцена, каде вечер во 20 часот ќе настапи заедно со македонскиот кларинетист Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина.
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против осум лица, поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и против еден надзорен инженер.
Египетскиот министер за надворешни работи по средбата со турскиот колега во Анкара побара резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, која јасно ќе го дефинира обемот и овластувањата на евентуалните меѓународни сили за стабилизација во Газа.