Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, утрово одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
Вести
-
Македонија 13.11.2025 10:56
-
Македонија 13.11.2025 10:32
МОН објави дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк
За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк (од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември 2025.
-
Свет 13.11.2025 10:28
Рекордна излезеност на парламентарните избори во Ирак
Ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани во победничкиот говор, истакна дека Ирачаните го избрале патот на реформи и обнова. На парламентарните избори со рекордна излезност од над 55 насто и максимални безбедносни мерки, сепак ниту еден блок не обезбеди мнозинство.
-
Македонија 13.11.2025 10:16
МВР заедно со РСБСП ја стартуваа зимската кампања „Вози безбедно – стигни сигурно“
Министерството за внатрешни работи заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнаа зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со превентивно-едукативна активност на наплатна станица „Петровец“, спроведена заеднички со полициски службеници од С
-
Свет 13.11.2025 09:49
Трамп го потпиша законот за финансирање со што заврши најдолгата блокада на владата на САД
Заврши најдолгата блокада на владата во историјата на САД. Претседателот Трамп, по 43-дневен прекин потпиша закон кој обезбедува повторно финансирање на државните институции до 30 јануари 2026 година.
-
Свет 13.11.2025 09:33
Осуда од ЕУ за корупцискиот скандал во Украина
Високата претставничка на ЕУ за надворешни политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека скандалот со корупција во Украина е крајно несреќен и дека е важно да се сфати сериозно во Киев.
-
Македонија 13.11.2025 09:06
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 13.11.2025 08:38
Скопје одбележува 81 годинa од ослободувањето
Денеска Скопје одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред владината зграда.
-
Македонија 13.11.2025 08:28
Денеска во Собрание седници на пет комисии
Денеска во законодавниот дом ќе се одржат седници на пет собраниски комисии: Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за култура и туризам.
-
Свет 13.11.2025 08:26
Крај на најдолгата блокада на Владата на САД
Претставничкиот дом на САД усвои закон за ставање крај на најдолгото затворање на владата во земјата.










