Од март директен лет од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава. Со нискобуџетската „Виз ер“ два пати неделно со почетни цени од 25 евра.
Вести
-
Економија 27.01.2016 15:10
-
Македонија 27.01.2016 14:41
Презентиран кодексот за професионални и етички принципи на МРТ за медиумско покривање на изборите
Јавниот радиодифузен сервис ја презема обврската да биде избаланисран и непристрасен во известувањето на изборите и да не дискриминира ниту една политичка партија, коалиција или независен канидат – ова е целта на етичките и професионалните принципи на МРТ според примерот на БИ- БИ- СИ.
-
Економија 27.01.2016 14:16
„Џонсон Контролс“ ќе гради фабрика и во Струмица
Американски „Џонсон Контролс“ повторно инвестира во Mакедонија. Попладнево компанијата потпишува договор за изградба на втората фабрика во земјава, во Струмица. Слично како и во Штип, и во струмичката зона ќе се произведуваат навлаки за седишта за автомобилската индустрија.
-
Македонија 27.01.2016 14:07
Стратегија за развој на полицијата 2016-2020: Професионална полиција по европски стандарди
Силна и професионална полиција по европски стандарди, почитување на правата на граѓаните - ова се дел од стратешките цели во Стратегијата за развој на полицијата. Фокусот е на зајакнување на граничниот дел и борбата против криминалот со современи истражни методи.
-
Македонија 27.01.2016 13:18
Суспендирани одлуките за разрешување 15 директори
Управниот суд донесе привремена мерка за суспендирање на одлуката на техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, за разрешување на 15 директори на Центрите за социјална работа и јавните установи.
По одлуката, сите директори ќе бидат вратени на работа.
-
Свет 27.01.2016 13:12
Шестмина загинати при потонување на чамец со имигранти кај Кос
Најмалку шест лица загинаа утрово при потонување на чамец со имигранти северно од грчкиот остров Кос во Егејското Море, објави атинската телевизија Антена.
Истиот извор наведува дека спасувачките екипи досега пронашле тела на тројца мажи, две жени и едно бебе.
-
Македонија 27.01.2016 13:12
Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот
Скопје денеска повторно се потсети на ужасите од депортацијата на 7.144 -те евреи во логорот Треблинка. Најблиските повторно се присетуваат на најдрагите, чии животи за момент згаснаа.
-
Македонија 27.01.2016 13:12
Иванов: Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот
Претседателот Иванов е во работна посета на Италијанската република. Учествува на 7-миот состанок на високо ниво во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“ и италијанското Друштво за меѓународни организации, што се одржува во Рим.
-
Македонија 27.01.2016 12:49
Метео: Утре потопло со мала облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност.
Во утринските часови можна е појава на магла по одделни котлини која што во текот на денот ќе се повлече.
Дневната температура ќе достигне до максимални 18 степени.
-
Култура 27.01.2016 12:46
„Јов“ премиерно во Драмски театар
„Јов“ е обид да се види до каде се денес границите на трпението и на поднесувањето страдања кај човекот и човештвото воопшто. Мојот „Јов“ е денешен Јов. Тој упорно трпи и страда, зашто верува во Бога.










