Најмалку 12-мина бегалци загинаа, меѓунив осум деца откако чамецот со кој се превезувале се превртел во близина на островот Самос. Грчката крајбрежна стража и претставници на Фронтекс се во потрага по евентуално преживеани.
Вести
-
Свет 28.01.2016 13:38
-
Свет 28.01.2016 13:29
Париз: Евакуирани пет гимназии поради дојава за бомба
Евакуација во пет париски гимназии поради дојава за поставена бомба. Непознат маж изутрината се заканил дека вооружени мажи со калашњикови и со бомби во пет гимназии ќе предизвикаат масакр, јавија француските медиуми.
-
Свет 28.01.2016 13:19
Штрајк на грчките новинари
Штрајкови во Грција. По адвокатите, лекарите и морнарите, денеска во 24-часовен штрајк стапија и новинарите.
Медиумите нема да објавуваат вести, а весниците нема да се печатат.
-
Македонија 28.01.2016 13:12
Незири: Фер и демократски избори на 24-ти април
Целосно спроведување на јунско-јулскиот договор и фер и демократски избори на закажаниот датум, 24 април, очекува шефот на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири. Посочи дека за тоа е неопходно да се пречисти избирачкиот список и да има нов закон за медиумите.
-
Македонија 28.01.2016 12:57
Прва седница на Анкетната комисија за скандалот со фалсификување на лични документи
Анкетната комисија за скандалот со фалсификувањето на личните документи треба да ја одржи првата седница. На дневен ред е усвојувањето на Деловникот за работа. Претседател е Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 28.01.2016 12:50
Кривична пријава за измама за отворање нови работни места
Полицијата поднесе кривична пријава против Љ.К. (53) од Прилеп и правниот субјект „Аванти Ин Кисела“ ДООЕЛ-Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.
-
Свет 28.01.2016 11:40
Зика вирусот може да предизвика пандемија
Светската здравствена организација во Женева ќе одржи информативна средба за преземање превентивни мерки и заштита од вирусот Зика.
Американските научници сметаат дека вирусот може да преизвика пандемија и ја повикаа организацијата да преземе итни мерки.
-
Свет 28.01.2016 11:13
Усвоен нацрт- закон за побрза депортација на мигрантите од Германија
Германската влада усвои нацрт- закон со кој ќе се овозможи побрза депортација на странските државјани кои во Германија извршиле кривично дело.
-
Свет 28.01.2016 11:09
Преживеа Владата на Ѓукановиќ
По тридневна расправа, со 42 гласа „за“ и 20 „против“, преживеа владата на Мило Ѓуќановиќ. Црногорскиот парламент доцна синоќа и изгласа доверба.
-
Македонија 28.01.2016 11:00
МВР: За 24 часа издадени 1.404 потврди за азил
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.404 странски државјани, од кои 568 се од машки пол, 272 се од женски и 563 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и еден малолетник кој патува без родител










